Јазикот како елемент на етнонационалниот концепт
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Овој елемент е придружен елемент во сите модели на нации држави и е клучен за општењето на индивидуите во таа држава. Во етнонационалниот концепт експлицитно се дава до знаење дека јазикот кој ќе биде користен за секаква употреба е на мнозинството, со што правото на општење на малцинството се дава само во институтот семејство. Оние кои се дефинирани со освен НИЕ и останатите има одреден напредок во поглед на ова прашање со што се дава право на општење и негување на овој елемент во приватниот живот, а дури се одредува процентуална квота за да би се рамнел со мнозинството. Но, притоа не се запазува таа квота дали ги угнетува останатите и се дава ексклузивитет на два, три етноси со што државата од еднонационална, станува бинационална, а не граѓанско национална.
Одличниот труд на Снежана Кордич-’’Јазикот и национализмот’’(2010) дава до знаење дека за да постои нација не мора јазикот да биде со еднакво равенство со името на нацијата, набројувајќи ги притоа САД, Австрија, Швајцарија и други држави, при што поентира со тезата дека државните граници не биле никогаш еднакви со јазичните. Според тоа јазикот на нацијата не е битен елемент за формирање на државата-нација, туку населението кое одлучило да формира институт држава. Истото го тврди и цитираниот, преку тезата на Шуберт дека јазичните граници во Европа никогаш не се конфронтирале со државните. Етнонационалниот концепт се заснова на правилото дека јазикот е темел за формирање сопствена држава, овој став го тврди и Карл Маркс, но притоа мора да се нагласи неговиот интернационализам е напуштен, за кој ќе стане збор подолу во есејот, додека етнонационализмот го искривува интернационализмот и со тоа има стартно искривување на поимот држава нација, врз основа на јазичната определеност. Етносот кој го носи епитетот мнозински не мора да биде начело да истиот има супериорност во користењето на сопствениот јазик во државата. Останатите етноси во етнонационалниот концепт во тој случај се етноси од втор или трет ред.
Одредени држави кои јазикот го дефинираат како средство за општење во сите сфери е целосно угнетувачки кон останатите етноси, со што доаѓа до целосна нивна асимилација, а со тоа државата станува држава само на НИЕ. Потоа државите кои определуваат процентуална застапеност да еден етнос го користи сопствениот јазик, само овозможува колективизам преку групирање на еден етнос на одредена територија и опасност од искривување на начелото право на самоопределување. Јазикот како елемент на етнонационалниот концепт е само погрешна констатација дека тој е основа за формирање на држава, преку кој одреден етнос се препознава. Јазикот не претставува проблем се додека индивидуите преку него се препознаваат дека потекнуваат од еден етнос, но проблемот настанува кога јазикот ќе се наметне како елемент на утврдување на идентитетот во системот на институциите. Освен тоа што би рекла Снежана Кордич дека ниту еден јазик не автофхон, со оглед на фактот што и ние претходно тврдевме дека со населувањето на берзитите, струмјаните, драговитите на балканските простори зборувале сличен јазик кој и денес се разликува според нивниот дијалект, за на крај се добие современ литературен јазик според начелата на Крсте Петков Мисирков преку трудот За Македонцките работи. Според тоа јазикот во просторот на денешна Македонија не е мешовина на јазик од античките македонци и доселениците од претходно споменати племиња, со оглед на фактот што тие не говореле јазик сроден на словенските јазици. Овој јазик кој се нарекува македонски е мешовина на дијалектите на берзитите, струмите и драговитите и е основа за литературниот Македонски јазик. Берзитите како најбројно племе, со нивниот водач Акамир, формирале склавинија или еден вид ’’држава’’, и притоа геогравските топоними ги менуваат со називи складни на нивниот јазик, освен тоа називот на склавинијата го носи името Берзитија. Истата оваа склавинија плаќа самостојно даноци кон Византија, за да подоцна даноците бидат плаќани преку царството на Бугарите со назив даноци од темата Македонија, кој назив го враќа Византија. Со оглед на фактот дека овие племиња биле неписмени и религиски пагани, со цел да се наметне христијанството, Византија ги испраќа најголемите мисионери во тоа време (IX век), браќата Кирил и Методиј кои ја формирале глаголицата за да подоцна нивните ученици ја формираат кирилицата во нивна чест.
Според сето погоре, Македонскиот јазик го добива терминот Македонски според тоа што Византија го враќа називот тема Македонија, како термин за одредена територија, а не според името на племињата кои го говореле тој јазик, со што само е доказ дека јазикот уште пред десет века не бил основно начело за формирање на нацијата, туку обележје на еден етнос. Според тоа името на јазикот е земен врз основа на територијата во која живееле овие племиња, а не според нивните племенски називи, со цел да не ја изгуби Византија таа територија. Тоа било наметнато име од страна на Византија, а прифатено од наведените склавинии, што подоцна Цар Самоил ќе ги обедини во заедничко Македонско царство, со цел да не ја изгуби таа територија Византија после 1018 година ги признава сите засебности на овој етнос формиран од наведените племиња, како и мешовина по расна линија со антиците. Како права кој ги задржува овој етнос се обичајните права за кој ќе стане подоцна збор, кои права се разликуваат со останатите етноси.
Целта на ова излагње и анализа на дел од ставовите на Др. Билјана Поповска од нејзиниот труд Историја на правото за да докажеме дека името на етносот не мора да биде носител на името на територија и јазикот. Со оглед на тоа дека овие племиња се од словенско потекло, името на етносот и јазикот би биле словенски, а и името на државата со словенски предзнак. Признанието пред десетина векови на Византија и нејзиниот престолонаследник Василиј II, дека на територија (Тема) Македонија, живее засебен етнос со посебни обележја, јазик, традиција и обичаи, па и религиско паганство за подоцна стане етнорелигиско население, само е доказ дека на денешна територија живеат Македонци по етнос, кој имаат свој јазик, не заради потеклото на нивниот етнос, туку заради територијата на која живеат. Со што се потврдува етнонационалниот концепт со начелото по раѓање, но и начелото по живеење, ако историски се навратиме на првите доселеници, бидејќи тие не се родиле на територија Македонија туку надвор од неа, но сепак наредните петнаесет векови нивните поколенија го задржуваат приматот по раѓање.Според тоа етнонационалниот концепт врши големо влијание на формирањето на државите нации, но прашањето е дали овој концепт поттикнува национализам во современата држава, дали треба да се навраќаме десетици векови за да се докажува постоење засебен етнос, дали начелото на јазикот како елемент на државата нација треба да зазема голема и главна улога ,сите одговори ќе треба да се бараат во граѓанскиот национален концепт.
Автор: Б.Г.
–ПРАВДИКО–