ЈО: Поднесено обвинение против лице кое фалсификувало исправи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвиненител акт против едно лице за фалсификување исправа и изработување и набавување на оружја и средства наменети за извршување на кривично дело, соопштија од Основното јавно обвинителство.
– Лицето се товари дека со умисла извршило повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело – фалсификување на исправа. Имено, во периодот од 2012 до 2017 година осомничениот изработувал разни јавни исправи со невистинита содржина и тоа, лични карти, возачки дозволи, свидетелства за завршено средно образование, судски решенија, пресуди, договори за купопродажба на моторно возило, медицинска документација и слично. Исправите ги изработувал на лажни обрасци, како да се издадени и заверени со печат и потпис од државни и јавни институции од државата. Целта била фалсификуваните јавни исправи натаму да се користат од страна на наши државјани и странци, како вистинити во правниот промет во Македонија и во странство – велат од обвинителството.
Оттаму додаваат дека по предлог од надлежен јавен обвинител, судечки судија од Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое на обвинетиот му ја продолжи мерката притвор.
Извор: Нова Македонија