ЈОРМ: Обвинителството постапува по сите предмети за изборни нерегуларности | Правдико

Правдико

   

ЈОРМ: Обвинителството постапува по сите предмети за изборни нерегуларности

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Obvinitelstvo SkopjeЈавното обвинителство на Република Македонија ја известува јавноста дека активно постапува по сите предмети поврзани со изборни нерегуларности кои беа оформени во предизборниот период и на денот на изборите.

Во таа насока, Основното јавно обвинителство – Гостивар по допрен глас оформи предмет и за наводите изнесени на вчерашната седница на Државната изборна комисија за гласањето на изборното место 0396/1 во Гостивар, за тврдење на едно лице дека му било оневозможено правото да гласа бидејќи некој претходно гласал во нејзино име. Надлежниот обвинител ги проверува наводите на гласачката во врска со дадените тврдења, односно дали таа била оневозможена да гласа затоа што претходно некој во нејзино име се потпишал во избирачкиот список или дали таа претходно сама го реализирала нејзиното право на глас. Предмет на проверка е и дали некој ги употребил нејзините документи со нејзина дозвола.

Препорачуваме

Партнери на Правдико