Правдико

   

Јорук: Разговорите за екстрадиција на „ѓуленистите“ од Анкара се многу позитивни

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турскиот амбасадор во Тирана, Мурат Ахмет Јорук, изјави дека разговорите на Албанија и Турција за екстрадиција на „ѓуленистите“ кои сега се во Албанија се одвиваат мошне позитивно.

Турскиот амбасадор за албанските медиуми изјави дека по неуспешниот државен удар во Турција, Анкара испратила список во неколку држави, меѓу кои и во Албанија, на приврзаниците на организацијата Фето, заради нивна експрадиција во Турција.

Албанија го осуди државниот удар во Турција и сега сме во фаза на разговори таа да ги експерадира лицата кои се поврзани со Фетулах Ѓулен. Весникот „Мапо“ наведува дека турскиот амбасадор смета дека разговорите околу екстрадицијата се одвиваат позитивно.

Инаку, во интервју за албанската телевизија News 24, турскиот дипломат ја изнесе оценката дека Организацијата Фето, може да создаде хаос во Албанија бидејки во рака го има образиванието во Албанија.

Засега, официјална Тирана предводена од страна на премиерот Еди Рама за кој се тврди дека е одличен пријател на турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган, нема коментари околу депортацијата на лицата кои се на списокот на Анкара.

К.М.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико