Адвокатски великани :Јован Алтипармаков (1891 – 1953) | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Адвокат Јован Алтипармаков (1891 – 1953)

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

10По Втората светска војна на територијата на слободна Македонија, во адвокатскиот именик од 1945 и 1946 година биле запишани вкупно 38 адвокати. Некои од тогаш запишаните продолжиле да ја вршат адвокатската дејност која претходно ја започнале. Овие адвокати биле први во тогаш формираната држава и имаат историски придонес во афирмацијата на адвокатурата и правосудниот систем воопшто. Еден од нив е и адв. Јован Алтипармаков. Овој адвокат во својата животна и професионална кариера уживал огромен авторитет и бил еден од најзначајните општествено ангажирани личности на овие простори.

Јован Алтипармаков е роден во 1891г. во Битола, каде завршил основно училиште и Гимназија. По дипломирањето на Правниот факултет, започнал да се занимава со право. Во почетокот на 1922 година го положил судскиот и адвокатскиот испит, по што бил назначен за судија на првостепениот суд во Битола. Во месец октомври истата година, поднесува оставка на судската функција. Истата му е прифатена и заминува да работи како адвокат. Како адвокат работел од 1922 до 1947 година со седиште на адвокатската кацеларија во Битола.

Во неговата адвокатска канцеларија меѓудругите адвокатски стаж, стекнале и адвокатите Милош Пјаниќ и Сотир Момев. Алтипармаков паралелно со адвокатската кариера, или можеби како резултат на неговата успешност во адвокатурата се истакнал и на политичката сцена. Во 1926 година се спроведувале локални избори на кои на целата територија на тогашното Кралство СХС се избирало помеѓу кандидатите на радикалната и демократската партија. Битола била исклучок затоа што покрај листите на партиите била формирана и посебна независната листа на граѓани за локалната власт, која победила, а е сочинета од адвокатите Јован Алтипармаков, Никола Марковиќ (Добрушевски), Војислав Протиќ, Милош Пјаниќ, Миленко Дивац и други. Покрај на локално, Алтипармаков бил активен и на централно ниво. Во 1931 година на изборите за првото Собрание (парламент) на Југославија, од Битола биле избрани двајца пратеници и тоа двајцата адвокати – Јован Алтипармаков и Никола Марковиќ.

Во овој период Алтипармаков бил избран за Сенатор во Собранието на Кралството на Југославија, а во истовреме и за Потпретседател на Сенатот, со што постанал еден од најзначаните личности на тогашното Кралство Југославија. Тоа се утврдува и од написот во дневниот весник „Вардар“  во 1933г. каде пишува дека при посетата на Битола на Претседателот на сенатот д-р Анте Павелиќ, меѓу останатите се сретнал и со својот домаќин потпретседател на сенатот Јован Алтипармаковиќ. Во периодот од 05.02.1939г. до 26.08.1939г. во Владата на Драгиша Цветковиќ, Алтипармаков  бил избран за Министер за поштите и телеграф на Кралството Југославија.

Како министер за пошти и телеграф покажал посебна грижа за тогашните студенти од Македонија кои студирале во Белград и Загреб, при што благодарение на Алтипармаков, своето прво вработување го започнале токму во поштите. Еден од нив е и подоцна познатиот адвокат Михаил Ѓеоргиев.  По потпишувањето на пактот за пристап на Југославија во Тројната оска, Јован Алтипармаков се враќа во Битола, каде продолжи да се занимава со адвокатура. Заради неговиот придонес во згрижување и вработување на македонските дипломирани студенти и неговите високи професионални, интелектуални знаења и политички ставови во 1944 година, бил кооптиран за член на АСНОМ.

По ослободувањето значаен е по одбрана на повеќе политички процеси во тоа време во Битола, каде се вложил со целиот свој капацитет и правно знаење. Подоцна,  работел како правен советник во Народната банка во Битола. Алтипармаков е носител на споменица од АСНОМ  за неговиот продонес во Собранието. По пензионирањето, се зборува дека често пати бил посетуван во Битола од највисоките државници на Македонија, како Лазар Колишевски и други и бил консултиран за значајни прашања од општествено – политичкиот живот во државата. Починал во Битола во 1953г. Погребан е во дворот на Црквата „Св.Недела“ во Битола во делот за заслужни граѓани.

Извор: „Адвокатурата и адвокатите во Битола“, Сотир Главинче, Никола Главинче, Битола, 2011г.

Правдико ги повикува и останатите заинтересирани истражувачи кои имаат податоци за значајни адвокати од нашето минато да испратат нивни биографии, фотографии и податоци, како би можеле да се објават во оваа рубрика, со што ќе помогнат во откривањето на адвокатите и адвокатската професија, во која во минатото се ангажирале храбри и стручни профили – борци за правда и право.

Препорачуваме

Партнери на Правдико