Јовески: За доверливост двапати се делеле надоместоци во СЈО
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, без да го прејудицира исходот од истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија, која се води за надоместоците на обвинителите и тимот во СЈО, рече дека првичните согледувања за овој предмет покажале дека за иста работа, доверливост, двапати се делеле надоместоци во СЈО.
„Законот има изречна одредба дека тие додатоци не може да надминат 35 отсто од платата, трите вида додатоци – за ризик, за доверливост и за услови за работа. Висината на додатокот ја определува раководителот за секој одделно“, рече Јовески.
„Првенствените согледувања покажуваат дека по ист основ двапати се делеле надоместоци. Ако ги гледате апсурдите до каде се донесени во делот на трошењето на државните пари, ќе видите дека секретар има поголема плата од претседателот на државта. Дали е тоа оправдано или логично, проценете. Со ова не ја прејудицирам постапката што Обвинителството ја води“, рече првиот човек на Обвинителството.
Податоците на базата „Отворени финансии“ на Министерството за финансии покажаа дека обвинителите на СЈО добиле приближно еден милион евра надоместоци за изминатите четири години. Освен надоместоците, обвинителите добивале основна плата и плус додатоци од 35 отсто.
Според Законот за платите на јавните обвинители, јавниот обвинител има право на додаток на плата за: посебни услови за работа, постоење висок ризик и доверливост.
Извор: Макфакс