Јово Вангеловски избран за старо нов претседател на Врховниот суд | Правдико

Правдико

   

Јово Вангеловски избран за старо нов претседател на Врховниот суд

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судијата Стојанче Рибарев е избран за в.д. претседател на Кривичниот суд откако денеска судскиот совет ја констаираше оставката на досегашната в.д. претседателка Татјана Михајлова. Рибарев доаѓа од Врховниот суд каде што беше избран како судија во септември минатата година. Тој бил најисусен и затоа е поставен да го води кривичен додека не се избере претседател.

Денеска судскиот совет го избра и Јово Вангеловски за старо нов претседтател на Врховниот суд. Вангеловски беше претседател пред четири години и по првиот мандат не се кандидираше за продолжување. Во последната трка покрај Вангеловски беа и поранешната претседателка Лидија Неделкова, в.д. претседателката Снежана Бајлозова и судијката Беса Адеми.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико