Јово Вангеловски ќе купува лимузина од 34 илјади евра за Врховниот суд | Правдико

Правдико

   

Јово Вангеловски ќе купува лимузина од 34 илјади евра за Врховниот суд

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Набавка на едно патничко моторно возило за потребите на Врховниот суд на Република Северна Македонија. Ова го пишува во огласот за јавна набавка на Врховниот суд објавен денеска. Проценета вредност на возилото без ДДВ е 2.118.644 денари или приближно 34 илјади евра без вклучен ДДВ.

Во техничките спецификации пишува дека се бара патничко моторно возило, лимузина, со 4 врати и 5 седишта на дизел, со зафатнина на моторот од 1950 кубни метри со стандард ЕУРО 6.

Возилото треба да има паркинг-сензори, алуминиумски бандажи со најмалку 17-инчен дијаметар, вграден патен компјутер, вграден систем за одржување на брзината. Гаранцијата за возилото е 2 години со 12-годишна заштита од корозија, а рокот за испорака е 90 дена. Критериум за доделување на договорот е најниската цена.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, не одговори на прашањата на „Макфакс“ како е утврдена потребата за набавката на ова возило со посочените технички спецификации и кој ќе се вози во возилото.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико