Јово Вангеловски нема да реагира за извештајот за АКМИС-от дури не го добие од министерот за правда | Правдико

Правдико

   

Јово Вангеловски нема да реагира за извештајот за АКМИС-от дури не го добие од министерот за правда

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, го побарал од Министерството за правда извештајот на работната група при Министерството за правда кој се однесува на увидот за злоупотребите на АКМИС-системот во највисокиот суд. Во петокот Врховниот суд објави дека денеска ќе испрати реакција, сепак, првин испратиле барање до министерството и откако ќе го добијат најавија дека ќе реагираат. Министерот за правда, Биљен Саљии, рече дека во Врховниот суд со промена на годишниот распоред на судии наместо случаен, се добивал очекуван избор на судии. Не сакаше да ги потенцира имињата на претседателите на судовите кај кои се откриени злоупотреби на процедурите.

Според извештајот, само во кривичниот суд за 2 години 10 пати се менувал распоредот на судии, а во Врховен само во септември 2017 распоредот на судии бил сменет 9 пати. Судии што судат кривични предмети биле префрлани во граѓанскиот оддел на Врховниот суд, а за 860 предмети во кривичниот не бил доделен судија.

Предметите во кривичниот суд биле доделувани само со јавување на претседателот на судот во писарницата и со негов потпис. Во судот не е формирано работно тело за управување со движење на предметите во судовите, не се донесени внатрешни процедури за одделни процеси при управувањето со движењето на предметите. Министерот рече дека не бил користен модулот за автоматска распределба на предметите, а распоределбата се вршела рачно. Стручен соработник избирал кривичен совет кои судии ќе го реферираат предметот. Биле исклучувани судии од автоматската распределба на предмети и тоа без изготвување писмена одлука и без образложена причина.

В. М.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико