Јулија Тимошенко ослободена од затвор
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Украинскиот Парламент вечерва ја одобри измената во Кривичниот кодекс, што ќе го овозможи ослободувањето на експремиерот Јулија Тимошенко по повеќе од две години минати во затвор, пренесе ИТАР-ТАСС.
Со 310 гласа „за“ и 54 „против“ пратениците ги изгласаа измените што го декриминализираат поведението за кое беше осудена Тимошенко. За одобрувањето на законот беа неопходни 226 гласа во 450-члената Врховна рада.
Законот декриминализира и редица други поведенија, опишани во неколку члена од актуелниот Кривичен кодекс на Украина, а на овој начин националното законодавство се унифицира со барањата на меѓународното право.
Согласно една од овие одреби во октомври 2011 година Тимошенко беше осудена на седум години затвор под обвинение за пречекорување на овластувањата при склучувањето на договорот за испорака на руски гас.
Во согласност со законодавната измена Јулија Тимошенко може да се ослободи, но засега не е познато кога тоа ќе се случи. Таа и натаму се лекува во болницата во Харков под будно око на чувари.
Парламентот во Киев денеска усвои и одлука за доделување државна помош за учесниците во масовните протести, како и за роднините на загинатите и ранетите.
Според денеска објавените податоци на украинското Министерство за здравство во судирите во последните четири дена загинале 77, медицинска помош побарале 581 лице, а 371 од нив биле сместени во болница.
Извор: 24 Вести