Јункер и Камерон ќе разговараат за реформирањето на ЕУ | Правдико

Правдико

   

Јункер и Камерон ќе разговараат за реформирањето на ЕУ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска вети дека ќе работи на постигнување нови праведни услови за Велика Британија, но и го предупреди нејзиниот премиер, Дејвид Камерон, да ги почитува интересите на Европа, затоа што за „танго се потребни двајца“.

6505363417_5ca0e2d01e_z

Јункер денеска ќе се сретне со Камерон на ручек во пресрет на самитот на ЕУ, а во говорот пред Европскиот парламент повтори дека сака „праведен договор со Велика Британија“.

– Не можам да кажам дека е остварен голем напредок, но ниту дека не е постигнато ништо. За танго се потребни двајца – изјави Јункер.
Изјавата на Јункер доаѓа по неколкунеделните разговори меѓу британските и претставниците на ЕУ, насочени кон договарање рамка за политички преговори.

– Јас не сум особено добар танчер, но барем ги знам правилата што треба да ги почитуваат и другите. За танго се потребни двајца да танцуваат, мораме ние, но и нашите британски пријатели – додаде Јункер.

Извор: Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико