Јункер ја предупредува Турција да не воведува смртна казна | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Јункер ја предупредува Турција да не воведува смртна казна

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Повторното воведување на смртната казна во Турција ќе значи крај на процесот на преговори за членство на земјата во Европската Унија, изјави претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер во интервју за германски „Рајнише Пост”.

– Доколку воведувањето смртна казна се покаже нешто повеќе од обична реторика, тоа ќе биде еднострано откажување на Турција од европското семејство. Тоа би било еднакво на прекин на преговорите (за членство во ЕУ), бидејќи нашата заедница е заснована на почитување на демократијата, човековите права и меѓународното право. Тие вредности ја исклучуваат смртната казна, посочи Јункер.

Тој, и покрај постојните несогласувања меѓу Брисел и Анкара, изјави дека се надева на идна блиска соработка, бидејќи „судбината на Турција е тесно поврзана со ЕУ“.

По референдумот за уставни измени на 16 април, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека првата работа што тој ќе ја направи ќе биде, со премиерот Бинали Јилдирим и со претседателот на Партијата на националистичка акција, Девлет Бахчели, да го разгледаат прашањето за враќање на смртната казна.

Извор:Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико