Јункер: На ЕУ и е потребна „пауза во проширувањето“ | Правдико

Правдико

   

Јункер: На ЕУ и е потребна „пауза во проширувањето“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На земјите од Балканот им е потребна перспектива за членство во Европската унија, но ЕУ би морала побавно да презема чекори, изјави поранешниот премиер на Луксембург и кандидат на европските десноцентристички партии за претседател на Европската комисија Жан Клод Јункер.

3746253394

На завчерашниот конгрес на германската Христијанско-демократска унија на канцеларот Ангела Меркел, Јункер оцени дека на Унијата и е потребна пауза во проширувањето со нови земји членки, јави Дојче веле.

Истовремено, тој ја опомена Турција дека кандидатите за пристап морале да ги исполнат условите за прием. За тоа би морало „не да се забранува Твитер, туку да се допуштат слободи и демократија. Тоа Турција не го прави во моментов“, предупреди Јункер.

Претходно и новоизбраниот генерален секретар на ЦДУ, Петер Таубер, зазема јасна позиција за пристапот на Турција во ЕУ.

Последните недели, со тоа што владата во Анкара воведе цензура на интернетот, како што оцени Таубер, јасно покажалe дека во моментов Турција не припаѓа во Европската унија. Ваквите зборови на Таубер беа проследени со силен аплауз од делегатите, пренесува Дојче веле.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико