Јункер со предлог за решавање на бегалската криза | Правдико

Правдико

   

Јункер со предлог за решавање на бегалската криза

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер денес изјави дека ЕК ќе обезбеди подобра заштита на бегалците, но, исто така, ќе се подобри заштитата на своите граници и ќе депортира повеќе илегални мигранти.

657408_zan-klod-junker02reutersfoto-reuters_f

Во писмената годишна изјава за приоритетите во пресрет на редовното обраќање пред Европскиот парламент денес, тој на делегатите и владитете на ЕУ им соопшти дека ќе понуди “брз, решителен и сеопфатен одговор на бегалската криза.”

Кризата е прва на листата на приоритети, пред економијата, Украина, климатските промени и евентуалниот британски референдум за членство во ЕУ, Јункер рече дека тоа е предизвикано од “војната, тероризмот и нестабилноста во нашето соседство.”

Тој потврди дека планира да побара од земјите-членки да прифатат “механизам за итни релокација” на баратели на азил, кои сега се главно во Италија, Грција и Унгарија, како и заедничка листа на “безбедни земји на потекло”, чии граѓани ќе бидат предмет на депортација под итна постапка, доколку тие ги кршат законите за имиграција на ЕУ.

Јункер, исто така, вети дека ќе го подобри управувањето со надворешните граници на ЕУ, зајакнување на агенцијата на ЕУ за гранична контрола – Фронтекс, и “да се преземат чекори кон создавање на европски систем на крајбрежна стража и надзор на границата”.

Извор: Blic.rs

Препорачуваме

Партнери на Правдико