Јункер: Враќањето на смртната казна во Турција ќе значи крај на преговорите за влез во ЕУ | Правдико

Правдико

   

Јункер: Враќањето на смртната казна во Турција ќе значи крај на преговорите за влез во ЕУ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европската унија треба да ги продолжи преговорите за влез со Турција, но враќањето на смртната казна несомнено ќе стави крај на процесот, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Според Јункер европските претставници треба да продолжат да се обидуваат да ја убедат Турција дека во нејзин сопствен интерес е да се реформира и да се движи кон ЕУ, наместо да и врти грб на Европа и нејзините вредности.

Тој посочи дека во долг разговор со Ердоган неодамна дал на знаење дека враќањето на смртната казна ќе биде „црвената линија“ во преговорите за влез.

Извор: ТВ 24

Препорачуваме

Партнери на Правдико