"Јустиција“ ќе се суди во Битола | Правдико

Правдико

   

“Јустиција“ ќе се суди во Битола

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На жестоката ракција на адвокатите и обвинетите судијката не одговори туку замина од судницата. Додека адвокатите бараа образложение и обвинуваа дека предметот е однесен во џеб во Врховен , обвинетите судии и службеници бараа судијата да не бега туку  да процени дека нема кривично дело.

slucaj_justicija

Ова е втора одлука за месна надлежност на судот во скопје. Со првата Аплеациониот суд дозволи Јустиција да се суди во Скопје проценувајки дека судот спровел истрага , одлучувал за мерки на претпазливост барал симнување имунитет и водел постапка. Дел од обвинетите направија и спогодби заради што добија условни затворски казни. Ова се аргументите на одбраната кои наведуваат дека обвинетите не се виновни туку неколку раководства на судот.

За оваа одлука адвокатите најавија кривични пријави за оние кои го донеле и потпишале решението за месна надлежност. Обвинетите одговраат за намерно криење на судски предмети заради што истите застаравале. Предметот Јустиција поради уникатноста односно апсењето на цел оддел за прекршоци во суд беше дел и од извештајот на европската унија како пример за незаконито апсење судии.

Кристина Мачкиќ

Извор: Телма

Препорачуваме

Партнери на Правдико