Јута донесе закон според кој полигамијата е прекршок, а не кривично дело | Правдико

Правдико

   

Јута донесе закон според кој полигамијата е прекршок, а не кривично дело

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сенатот на американската сојузна држава Јута едногласно одлучи полигамијата да не биде кривично дело, туку прекршок, објави Би-би-си.

Според досегашниот закон, на луѓето со повеќе сопружници им се закануваше затвор до пет години. Заговорниците на декриминализацијата тврдат дека новиот закон ќе ја намали тајноста на заедницата што го практикува овој начин на живеење и на жртвите ќе им помогне да пријавуваат малтретирање.

Критичарите, пак, сметаат дека со ова ќе се зголемат случаите на малтретирање.

Новиот закон треба да го потврди претставничкиот дом на Јута за да стапи во сила. Според него, полигамијата, односно бракот со повеќе луѓе, ќе се смета за прекршок, како оние, на пример, во сообраќајот. Присилната полигамија ќе се смета за кривично дело.

Се верува дека во Јута во полигамија живеат повеќе од 30.000 луѓе.

Полигамистот Том Грин во 2001 година стана првиот маж осуден на затвор поради брак со пет жени со кои бил повеќе од 50 години. Подоцна бил осуден и за силување малолетничка затоа што една од неговите сопруги имала 13 години кога останала бремена.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико