Правдико

   

„Јутјуб“ ќе забрани објавување опасни шеги, предизвици и измами

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јутјуб“ ќе забрани прикажување видеоисечоци на кои се прикажуваат опасни или емоционално вознемирувачки шеги, предизвици или измами, објави Би-би-си.

Одлуката е донесена кога некои предизвици и измами резултирале со смрт или повреди, а раководството на „Јутјуб“ смета дека таков вид видеоматеријали не треба да бидат достапни на тој канал.

„Јутјуб“ е мрежна услуга за размена на видеозаписи на која корисниците може да поставуваат и прегледуваат разни видеоматеријали. Потребна е регистрација само за објавување содржини, а не за прегледување.

Според правилата за користење, забрането е поставување порнографски содржини, насилство, содржини што поддржуваат криминални работи, содржини со цел посрамување и реклами.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико