Правдико

   

Јужнокорејски новинари уапсени за упад во домот на севернокорејскиот амбасадор во Сингапур

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Двајца новинари од Јужна Кореја беа уапсени поради упад во резиденцијата на амбасадорот на Северна Кореја во Сингапур, соопшти полицијата во Сингапур.

Полициските службеници објавија дека двајцата уапсени во четвртокот биле членови на Корејскиот радиодифузен систем и додадоа дека две други лица се исто така под истрага.

„Полицијата доби извештај за случај на упад во резиденцијата на амбасадорот на Демократската Народна Република Кореја“, соопшти полицијата во фејсбук-пост.

„Двајца јужнокорејски мажи, на возраст од 42 и 45 години, кои беа претставници на Корејскиот радиодифузен систем-вести, беа уапсени во врска со случајот.“

Секој што е осуден за кривично дело бесправно влегување на туѓ имот според делот 447 од Кривичниот законик, поглавје 224, може да биде казнет со затвор до три месеци или со парична казна до 1.500 долари или и двете, соопшти полицијата.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико