Јужнокорејски Суд покренува обвиненија против раководството на Самсунг | Правдико

Правдико

   

Јужнокорејски Суд покренува обвиненија против раководството на Самсунг

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Канцеларијата на јужнокорејскиот специјален обвинител објави во вторник дека ќе покрене обвинение против челникот на Самсунг Џеј Ли и уште четворица извршни директори заради мито и проневера, со што е предизвикан политички скандал што ја потресе земјата.

Челникот на Самсунг беше уапсен на 17 февруари заради наводна вмешаност во корупциски скандал, што ја вклучува и отповиканата претседателка на Јужна Кореја Парк Геун-ху, што е нов удар врз технолошкиот гигант.

Одлуката на уставниот суд за отповикување на претседателката, која би резултирала со прва смена на демократски избран лидер од неговата функција, се очекува следниот месец.

„Пет директори ќе се соочат со обвиненија кои вклучуваат мито, проневера и криење на имот во странство“, изјави последниот ден од истрагата портпаролот на специјалниот обвинител Ли Кју-Чул.

Челникот на Самсунг Ли исто така ќе биде обвинет за фалсификат пред парламентот.

Обвинети се уште и претседателот на Самсунг групата, потпретседателот, како и претседателот и извршниот потпретседател на Самсунг Електроникс.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико