K-15 не исплатиле ни половина од фирмите | Правдико

Правдико

   

K-15 не исплатиле ни половина од фирмите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Помалку од два месеца имаат работодавците да им исплатат регрес за годишен одмор или популарно наречен K-15 на работниците.

pp1

Досега ниту половината од приватните фирми во земјава не го исплатиле овој додаток. Според процените и информациите на Сојузот на синдикати на Македонија, а само 40 до 45 отсто од фирмите исплатиле регрес, а другите чекаат пет до 12 за да ја исполнат обврската. Синдикалците се децидни дека со сите методи ќе се борат сите работодавачи да го испочитуваат овој надоместок за работниците.

– Ова прашање го сметаме за клучно и ова работничко право мора да се исполни. Kрајниот рок е 31 декември годинава, а после тоа ќе ги преземеме сите мерки што ни се на располагање да ги заштитиме работничките права. Нашата анализа покажува дека 40-45 отсто од фирмите веќе имаат исплатено K-15, останува таа бројка од околу половина, која треба дополнително да се исплати до крајот на годината. Секој работник на кој не му е исплатено K-15 и кој ќе побара помош од ССМ, без разлика дали е или не наш член, ќе ја добие. Ние остануваме на тоа и бесплатно ги нудиме услугите за поведување судски спорови против работодавачите што нема да исплатат регрес за годишен одмор – изјави за „Дневник“ претседателот на ССМ, Живко Митревски.

Митревски е дециден дека работодавачите мора да го испочитуваат ова работничко право, бидејќи тоа е договарано со Организацијата на работодавачи, која се согласи и на минималниот износ што е утврден. Инаку над 300.000 работници вработени во приватни фирми до крајот на годинава треба да добијат минимум по околу 8,500 денари или 40 отсто од просечната плата во земјава.

Извор: Дневник

Партнери на Правдико