Кабанас стана првиот кубански амбасадор во Вашигтон по 54 години | Правдико

Правдико

   

Кабанас стана првиот кубански амбасадор во Вашигтон по 54 години

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Долгогодишниот кубански дипломат Хозе Кабанас стана првиот кубански амбасадор во САД по 54 години, благодарение на одамнешното повторно воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји.

18092015095720_Jose Canabas

Кабанас, кој ја водеше дефакто Амбасадата на Хавана или „интересната секција“ во Вашингтон од 2012 за да стане вршител на должноста кога односите меѓу двете земји и официјално се обновени на 20 јули годинава, го предаде вчера акредитивното писмо на американскиот претседател Барак Обама.

Кубанската Амбасада во Вашингтон соопшти дека врачувањето на акредитивното писмо на кубанскиот амбасадор во Вашингтон е уште еден чекор во процесот на нормализација на односите меѓу двете земји.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико