Качињски не се откажува, ќе ја тужи Германија за сите злосторства
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Лидерот на полската владејачка конзервативна партија, Јарослав Качињски, предупреди дека Полска ќе го подигне на меѓународно ниво прашањето за воена репарација што ја бара од Германија. Според него, холокаустот не бил единствено воено злосторство, а Полјаците одбиваат да се одрекнат од злосторството, и покрај тоа што во 1953 година тоа го направила комунистичката влада.
„Тие луѓе краделе, убивале. Сето тоа треба да се опише и да се надомести штетата. Нема никаква причина само ние да се откажеме од тоа. Не можеме да се согласиме сето зло и сите злосторства во Втората светска војна да се сведат само на холокаустот“, изјавил Качињски во интервју кое денеска го објави провладиниот десничарски неделник „Сјечи правди“.
Качињски предупредува дека пристапот дека една смрт е повеќе вредна од друга е расистички. „Смртта секогаш е индивидуална. Нема колективна смрт“, рекол Качињски.
Извор: Макфакс