Каде на земјатата е Берлинскиот ѕид? | Правдико

Правдико

   

Каде на земјатата е Берлинскиот ѕид?

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дваесет и пет години по падот, повеќе парчиња од Берлинскиот ѕид се расфрлени низ целиот свет – од Сиетл до Јужна Кореја, Кејптаун до Канбера – отколку што се останати во самиот град.

E51357272E21B140A87E870661E16305

БЕРЛИН – Зад куќичката на чуварот во ботаничките градини на Берлин, скриен од погледот на посетителите, стои дел од бетонската европска историја: едно парче од ѕидот – St?tzwandelement UL 12-11 – високо 3,2 м, широко 1,2 м и со тежина од 2,6 тони, со жолти и сини графити на едната страна. Помеѓу 1961 и 1990 година, околу 54.000 од овие бетонски плочи ја сочинуваа западната страна на Берлинскиот ѕид.

Колекцијата скриена во депото на ботаничките градини му припаѓа на Сенатот на градот: тие се подароци што ќе бидат поделени на големите државни посети. Добивањето на плоча од ѕидот е малку помешан благослов: потребен е кран за да се натовари на комбе, а само пик-ап чини најмалку 2.000 евра. Превозот во странство ќе ви задржи уште пет илјадарки, па понекогаш примачите коваат планови да ги остават подароците зад себе.

Сепак, од оригинален колекција од 30 плочи останати се само осум, а пет од нив веќе имаат етикети дека се резервирани, за Филипини, Кливленд и Бохум.

„Каде е ѕидот?“ е првото прашање кое многу туристи се’ уште го поставуваат кога го посетуваат главниот град на Германија. Но, 25 години по неговиот пад, повеќе парчиња од Берлинскиот ѕид се расфрлени низ целиот свет отколку што се останати во самиот град.

Отворениот симболичен карактер на ѕидот го забрза тоа расфрлање. Иако голем број берлинци не можеа да дочекаат да го видат задниот дел на бариерата која донесе трагедија на толку многу нивни животи, луѓето надвор од Германија сакаа да добијат парчиња од бетонот, кој одеднаш се чинеше дека симболизира демократија, граѓанска храброст и триумф на Запад врз Исток.

Додека Федералната агенција на Германија за преоценување на диктатурата на комунистичката партија набројува само еден сегмент од ѕидот во Русија, речиси сто парчиња се раширени низ САД.

Берлинците почна да длабат во ѕидот веднаш откако се отвори границата, на 9 ноември 1989 година, а првата понуда за цел о парче, од еден баварски бизнисмен, стигна само еден ден потоа.

Преодната влада на ГДР, во очајна потреба од странска валута, на крајот ја надмина моралната резервираност на 4 јануари 1990 година, наредувајќи демонтирање на структурата и одобрувајќи „комерцијална употреба на целосни делови“. Како непријатен потег на историската иронија, граничарите требаше да го заштитуваат ѕидот од вандалски акти.

Она што генерално се мисли како „Берлинскиот ѕид“ всушност се два ѕида: источниот, т.н. „заднински“ ѕид, и западниот ѕид – кои беа разделени со појас на смртта. Особено западните делови од ѕидот, украсени со графити, се покажаа популарни кај инвеститорите по 1989 година: една јапонска компанија понуди 185.000 долари за едно парче. Други, пак, беа продавани за слични суми на богата аукција одржана во Монако во јуни. Помалку фотогеничните делови, кои го сочинуваа поголемиот дел од оригиналниот ѕид, беа распарчени и се користеа за изградба на патишта и автопати.

Неколку делови беа вратени во Берлин за комеморативни цели, иако ретко на точното место каде што првично се наоѓале. Најдолг дел може да се види во галеријата „Истсајд“ во Фридрихшајн, иако слики и графити тука беа додадени во поскоро време, во 2009 година.

Постојат уште 212 метри од ѕидот кај споменикот „Топографија на теророт“, 70 метри кај споменикот на „Бернауер штрасе“, неколку изолирани сегменти на „Постдамер плац“ и еден вид на „ Стоунхенџ на Берлинскиот ѕид“ во Трептов, каде што секој може да слика на деловите.

Парчиња од Берлинскиот ѕид се продаваат во продавниците за сувенири кај музејот на контролниот пункт Чарли – „Чекпоинт Чарли“ во Берлин, за три евра по парче, а потекнуваат од депото во близина на аеродромот „Тегел“, во сопственост на Вокер Павликовски. Додека владата се’ уште работеше на ѕидот, тој купи 30 парчиња од работилница за рециклирање. Менаџерот на музејската продавница, Виланд Гибел инсистира дека парчињата од ѕидот на Павликовски се’ уште се автентични, иако тој не го криеше фактот дека тие неодамна биле ретуширани со спреј.

Околу 600 парчиња најдоа нов дом надвор од Германија, сочинувајќи над 140 споменици во светот, на далечни места како Австралија и Бахамите. Постојат пет парчиња од Берлинскиот ѕид во Уиџеонгбу, Јужна Кореја, 30 километри од границата со Северна Кореја: симбол на надеж дека двете земји еден ден може мирно да се обединат.

Еден дел го најде својот пат до кампот „Ап-Парк“ во Кингстон, Јамајка, откако му беше даден на Усеин Болт од градоначалникот на Берлин, Клаус Воверајт на Светското првенство во атлетика во 2009 година.

Најголемата колекција надвор од Германија се наоѓа во близина на полското село Сосновка, во близина на Вроцлав, каде што стоматологот Лудвик Васецки собрал над 40 делови од ѕидот и ги наредил во уметнички инсталации.

Некои делови од ѕидот можеби исчезнале засекогаш. Во мај 1998 година, на американскиот претседател Бил Клинтон требаше да му биде предаден сегмент од ѕидот за време на неговата посета на Берлин, но церемонијата на врачување мораше да се прескокне, бидејќи претходниот состанок го пречекори времето. Наместо тоа, германската амбасада се согласи да му предаде дел од ѕидот на Клинтон во САД. Делот беше пренесен од Берлин до Хамбург, а потоа испратен до Балтимор, но бидејќи Клинтон тогаш беше вплеткан во скандалот „Левински“, предавањето никогаш не се случи и парчето остана во склад во Балтимор, од каде што на крајот исчезна. (Гардијан)

Извор: Утрински

Партнери на Правдико