Кај Катланово ограбени и претепани велосипедисти од Јапонија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Три непознати лица вчера ограбиле двајца државјани на Јапонија кои со велосипед се движеле по патот Катланово-Брезница.
Според информациите од МВР, додека Ш.К. (54) и Х.К (48), двајцата од Јапонија, се движеле со велосипеди, им се приближил автомобил „форд“, во кој имало три непознати лица што излегле од возилото и физички ги нападнале странците. Тие им украле 3.000 евра, патни исправи, кредитни картички и еден мобилен телефон „ајфон“.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс