Кај Стоби откриени 25 мигранти од Пакистан | Правдико

Правдико

   

Кај Стоби откриени 25 мигранти од Пакистан

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дваесет и пет илегални мигранти од Пакистан, меѓу кои и едно малолетно лице, се откриени изутринава во 5 часот на стариот пат Неготино-Градско.

Во близина на археолошкиот локалитет Стоби полициски службеници од Полициска страница за граничен надзор Михајлово се обиделе да сопрат товарно моторно возило „рено мастер“ со скопски регистарски ознаки, при што возачот го сопрел возилото и се дал во бегство.

При преглед на возилото откриени се 25 лица, илегални мигранти, сите од Пакистан, од кои едно малолетно. Извршен е увид на местото на настанот. Возилото и мигрантите се предадени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето што го управувало возилото.

Партнери на Правдико