Правдико

   

Како да го препознаете мобингот?

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

144262_0801-mobing-shutterstock45405688_fМобинг е широко распространета појава чии последици се одразуваат врз социјалното окружување, работната средина и врз поединците. Затоа е потребно проблемот да се разгледува од различни аспекти: психолошки, медицински, социолошки и правен аспект за да се предупреди на неговото значење и да се придонесе за неговото навремено препознавање. За жал, луѓето, честопати, не се свесни дека се мобирани и им е потребно долго време да сфатат дека се соочуваат со едно целосно ирационално и неправедно однесување на работното место. Затоа, за да може успешно да се справува со оваа појава, која зема сé поголем замав и кај нас, мора да се научи кои се нејзините основни обележја.

Постојат разни активности кои се препознаваат како мобинг и зависат од самото лице и од позицијата што ја има на работното место. Актери во мобинг-ситуацијата се: моберот, жртвата на мобинг и посматрачите – навидум неутрални, но со своето пасив­но однесување, всушност се група за поддршка. Затоа, аналитичарите разли­куваат повеќе видови мобинг:

Хоризонтален мобинг – се одвива меѓу работниците со еднаква положба на хиерархиското скалило, односно кoга еден или цела група работници заради внатрешни проблеми, завист и љубомора, избираат еден работник – жртва, врз кого сакаат да докажат дека се силни и способни.

Вертикален мобинг – кога се врши по хиерархија: претпоставениот малтретира еден работник или цела група, или, пак, група работници малтретира еден претпоставен.

Стратешки мобинг – кога се вршат структурни промени во фирмата или установата (на пр. рационализација и прогласување технолошки вишок), претпоставените организирано мобираат одредени лица кои се непожелни, за тие сами да дадат отказ без да бараат отпремнина, отштета и сл.

Mobbing_ilustracija-300x225Неколку начини за спроведување мобинг

а) Скратување на можноста за соодветно комуницирање

На жртвата од страна на претпоставениот или колегите и’ се ограничуваат можностите за изразување, се прекинува во разговорот, се избегнуваат невербалните контакти (на пр. ако жртвата дава некаков знак – крева рака или сл., дека сака нешто да каже), се обраќаат со висок тон, со понижувачки гестови – мимики.

б) Скратување на можноста за одржување на социјалните односи

Жртвата постојано се изолира, се игнорира, кон неа се однесуват како воопшто да не постои, ја преместуваат во работни простории оддалечени од колегите, не ја повикуваат на заеднички состаноци и на неформални дружења со колегите, итн.

в) Напад врз авторитетот на личноста

За жртвата се измислуваат најразлични приказни, се шират невистини за нејзиниот приватен живот, се озборува, се исмејува, во негативна смисла се коментираат нејзините лични особености.

г) Напад врз квалитетот на работењето

Жртвата постојано се критикува, и’ се приговара за нејзиното работење, се навредува дека не знае да работи, ја тераат да извршува понижувачки работи, постојано ја контролираат нејзината работа, се казнува без оправдана причина. За да се оствари намерата, да греши во работењето и да се избрка од работа, на жртвата: не и’ се даваат работни задачи, или и’ се даваат премногу едноставни или претешки, преобемни, со куси рокови, или постојано се менуваат, и’ се одземаат потребните средства за работа (телефон, компјутер, работно биро…). Не ретко се води кадровска политика на штета на мобираното лице (се вработува нов кадар, па од страв да не биде прогласено технолошки вишок, лицето-жртва прифаќа да работи било што).

д) Напад врз здравјето

Во овој вид мобинг спаѓа: присилувањето жртвата да работи работни задачи штетни по нејзиното здравје, без соодветна заштита, не и’ се одобрува годишен одмор и слободни денови, и’ се упатуваат физички закани, итн.

Мобингот е причина за зголемување на бројот на работници со следните симптоми:

• Хроничен замор
• Пречувствителност
• Нарушување на сонот
• Менување на телесната тежина (слабеење или дебелеење)
• Депресија
• Плашливост
• Хипертензија
• Кардиоваскуларни заболувања
• Незадоволство
• Повлеченост во себе
• Плачливост

g_mobing-Вообичаено, последиците од мобирачките активности (кои ги  има многу) особено по здравјето на жртвата, намерно се припишуваат на исцрпеност од работа, од тежината на работните обврски, и со тоа се сака да се докаже дека мобираниот работник, всушност, не може да ги врши доверените работни задачи. Значи, според моберите не се работи за мобинг над жртвата, туку за тоа дека нивниот колега е неспособен работник, невротичен, постојано се жали, нема капацитет за таа работа, не умее да се справи со одговорностите. Едоставно, работодавачот треба да го избрка работникот – жртва, да си замине дома, бидејќи не е
способен за работа.

Изворите на мобинг најчесто се од психо-социјална природа. Мобингот се случува заради неможноста на поединецот или групата да ги „контролира”, односно да се справи со одредени ситуации. Лицето/лицата остануваат пасивни при појава на мобинг, бидејќи се чувствуваат беспомошни. Неизвесноста, стравот од иднината, недоволната љубов, се силни психички извори на мобинг. Кај лицето изложено на мобинг се забележуваат одредени знаци или симптоми кои се карактеристични за мобираните и создаваат предуслови за појава на потенцијални физиолошки и биохемиски промени.

Симптомите на мобинг можат да се класифицираат во три основни групи:

1. Физички и физиолошки симптоми

Се манифестираат скоро во секој дел од телото. Првата реакција е вкочанетост – стаписаност. Во ваква состојба лицето не може да реши: дали да ја прифати ситуацијата, дали да се бори и да ја надмине таквата ситуација, или да се откаже и да се повлече.Физиолошките одговори на телото во случај на мобинг се:
зголемување на шеќерот во крвта, забрзан срцев ритам, покачување на крвниот притисок, покачување на нивото на холестерол, длабоко дишење, препотување, болки во желудникот, црвенило на лицето, треперење на рацете, несоница, и др.

2. Психички симптоми

Нивниот број е голем и зависи најмногу од проценката колку  еден настан загрозува. Еден ист настан може различно да се доживее од различни лица, што зависи од: особеностите на нивната личност,  темпераментот, начинот на одбрана. Така, кај едниот може истиот настан да предизвика агресија, а кај другиот, нерасположение или повлекување.

Но, сепак најчести психички симптоми се:

– когницијата (проблеми со помнењето, расеаност, намалена концентрација, беспомошно и дефанзивно размислување);
– емоциите (напнатосрт, анксиозност, страв, бес, обесхрабреност, тага, очај, безволност, чувство на вина, промена на распо­ложението).

3. Бихевиорални и социјални симптоми

Овие симптоми се огледаат во: начинот на однесување, растроеност, плачење, панично однесување, повлекување во себе, неконтролирани движења, претерана употреба на лекови, алкохол, цигари, кафе, користење дрога.

4. Организациски симптоми

Отсуство од работа, доцнење, намалена продуктивност, бојкот, зголемена склоност кон повреди и несреќи на работаМобингот станува модерна „појава на новиот милениум” која може да биде или предизвик и „животно” искуство кое ќе ни помогне да одиме напред, или опасност што може да биде надвор од нашата контрола и да стане сериозна закана по нашето физичко и ментално здравје.

Извадок од прирачникот : Мобинг – психички притисок на работното место

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Како да препознаете МОБИНГ на работа

– Насилство врз жени на работно место

– Постапка за заштита од вознемирување на работно место

– Институционален одговор и организациски политики во однос на насилство на работно место

Партнери на Правдико