Како да поднесете претставка до Судскиот совет за работата на судиите и судовите | Правдико

Правдико

   

Како да поднесете претставка до Судскиот совет за работата на судиите и судовите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sudski-sovet-odredi-kolku-sudiite-mesechno-minimum-predmeti-mora-da-srabotat-72789Судскиот совет на Република Македонија во рамките на својата надлежност, согласно Законот за Судски совет на Република Македонија и Деловникот за работа на Судскиот совет на Република Македонија, помеѓу другото е надлежен да постапува по претставки и поплаки на граѓаните и правните лица за работата на судиите и судовите.

Начинот на постапување по претставки и предлози е пропишан согласно Законот за постапување по претставки и предлози (Службен весник на РМ бр.82/2008 од 08 јули 2008 година). Согласно овој закон подносител на претставка, односно предлог може да биде секое физичко или правно лице –(подносител).

Подносителот на претставката, односно предлогот не смее да биде повикан на одговорност, ниту да трпи какви било штетни последици поради поднесувањето на претставката, односно предлогот и изнесувањето на ставови и мислења, освен ако со тоа не е сторено кривично дело.

Претставките, односно предлозите се поднесуваат во писмена форма или усно на записникпоединечно или групно. Претставката, односно предлогот што е упатен до ненадлежен орган, се евидентира во евиденцијата на тој орган и без одлагање се доставува до надлежниот орган. Постапувањето по претставките и предлозите опфаќа прибирање на податоци, известувања и мислења за фактите и околностите од значење за нивно оценување, непосредно испитување, анализирање и евидентирање на појавите и причините за нивно поднесување и преземање на потребни дејствија и мерки за остварување на правата на подносителот или повредата на јавниот интерес утврден со закон.

Органот кој постапува по претставките и предлозите не постапува по анонимна претставка, односно предлог, освен ако се работи за прашање од јавен интерес утврден со закон.Органот нема да постапува по претставки и предлози и кога претставката, односно предлогот е со навредлива содржина.

Органот кој постапува по претставките и предлозите е должен да му одговори на подносителот за основаноста и за резултатите од постапувањето во рок од 15 дена, а за сложени прашања во рок од 30 дена од приемот на претставката, односно предлогот. Кога органот кој постапува по претставките и предлозите ќе оцени дека е потребно претставката, односно предлогот да се прецизира и да се достават докази при разгледувањето, може тоа да го побара од подносителот и во тој случај погоре наведениот рок почнува да тече од почеток.

Претставките, односно предлозите се поднесуваат во писмена форма (непосредно во органот или по пошта), во електронска форма или усно на записник, поединечно или групно. Поднесокот кој е поднесен во електронска форма треба да содржи електронски потпис. Претставката, односно предлогот по приемот најдоцна наредниот ден се заведува во Уписникот за претставки и предлози и се распоредува во работа.

Кога наводите во претставката, односно предлогот се нејасни или нецелосни, овластеното службеното лице може да побара од подносителот дополнување, допрецизирање или појаснување, најдоцна до пет дена од денот на приемот на претставката, односно предлогот.

Подносителот може во целиот тек на постапката да ги појаснува, надополнува или допрецизира наводите во претставката, односно предлогот.

Доколку во текот на постапката се утврди дека претставката, односно предлогот е поднесен во име на друго лице без овластување, ќе се смета дека таквата претставка, односно предлог како воопшто да не е ниту поднесен, за што ќе се извести подносителот.

Извор: http://www.ssrm.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико