Правдико

   

Како до добивање македонски пасош на Македонците во странство

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

pasosСогласно законската процедура, секој државјанин на Република Македонија, пред да поднесе барање до едно од надлежните дипломатко –конзуларно преставништва на Република Македонија во Мелбурн, Канбера. Чикаго, Њујорк, Детроит, Торонто, Берлин, Бон, Минхен, Стокхолм, Копенхаген, Хаг, Брисел, Берн, Лондон, Париз, Венеција, Виена и Љубљана, потребно е претходно да го најави својот интерес за добивање на пасош на еден од следните телефонски и факс броеви или е-маил адреси:

Мелбурн: телефон: ++ 61 3 986 722 00; факс: ++ 61 3 986 722 99; е-маил: melbourne@mfa.gov.mk
Канбера: телефон: ++ 612 6282 6220; факс: ++ 612 6282 6229; е-маил: canberra@mfa.gov.mk
Чикаго: телефон: ++ 1 312 419 8020, ++ 1 312 419 8114; факс: ++ 1 312 419 8040; е-маил: chicago@mfa.gov.mk
Детроит: телефон: ++ 1 248 354 5537, ++ 1 248 354 5356; факс: ++ 1 248 354 5538; е-маил: detroit@mfa.gov.mk
Њујорк: телефон: ++ 1 646 524 5750, ++ 1 646 524 5752; факс: ++ 1 646 524 5754; е-маил: cg.newyork@mfa.gov.mk
Торонто: телефон: ++ 1 416 322 21 96; факс: ++ 1 416 322 24 12; е-маил: toronto@mfa.gov.mk
Стокхолм: телефон: ++ 46 8 661 18 30; ++ 46 8 667 21 45; факс: ++ 46 8 667 21 45; е-маил: stockholm@mfa.gov.mk
Копенхаген: телефон: ++ 45 39 76 69 20, ++ 45 39 76 69 28, факс: ++ 45 39 76 69 23; е-маил: copenhagen@mfa.gov.mk
Хаг: телефон: ++ 31 70 427 44 64, ++ 31 70 427 44 65; факс: ++ 31 70 427 44 69; е-маил: hague@mfa.gov.mk
Брисел: телефон: ++ 32 2 734 56 87; факс: ++ 32 2 732 07 17; е-маил: brussels@mfa.gov.mk
Лондон: телефон: ++ 44 207 976 0535, ++ 44 207 976 0538; факс: ++ 44 207 976 0539; е-маил: london@mfa.gov.mk
Париз: телефон: ++ 331 45 77 10 50, ++ 331 45 77 85 77, ++ 331 45 77 10 73; факс: ++ 331 45 77 14 84; е-маил: paris@mfa.gov.mk
Берн: телефон: ++ 41 31 352 00 02, ++ 41 31 352 00 16, ++ 41 31 352 00 28, ++ 41 31 352 00 30; факс: ++ 41 31 352 00 57, ++ 41 31 352 00 37; е-маил: bern@mfa.gov.mk
Венеција: телефон: ++ 39 041 532 02 82, ++ 39 041 532 72 80; факс: ++ 39 041 532 12 79; е- маил: venice@mfa.gov.mk
Берлин: телефон: ++ 49 30 890 69 522; факс: ++ 49 30 895 41 194, ++ 49 30 890 69 525; е-маил: berlin@mfa.gov.mk
Бон: телефон: ++ 49 228 23 7986; ++49 228 23 0971; факс: ++ 49 228 23 77433; е-маил: bonn@mfa.gov.mk
Минхен: телефон: ++ 49 89 542 447 56; факс: ++ 49 89 542 447 58; е-маил: munich@mfa.gov.mk
Виена: телефон: ++ 43 1 524 8756, ++ 43 1 524 8757; факс: ++ 43 1 524 8753; е-маил: vienna@mfa.gov.mk
Љубљана: телефон: ++ 386 1 421 00 21, ++ 386 1 421 00 22; факс: ++ 386 1 421 00 23; е-маил: ljubljana@mfa.gov.mk –

При поднесувањето на барањето за пасош државјаните на Република Македонија задолжително треба да презентираат оригинален валиден документ за идентификација (валиден македонски или странски документ со фотографија и податоци за лицето кое поднесува барање за пасош) и копија од истиот.

Доколку се поднесува барање за издавање на пасош на лице кое го изгубило пасошот или истиот му е украден, потребно е да биде доставен и оригинален документ – потврда од Службен весник на Република Македонија за пријавено губење на пасошот. Со барањето се поднесува и оригинален документ за пријава на губењето или кражбата на пасошот и копија на истиот, како и изјава дадена во оригинал од носителот на пасошот.

Поднесувањето на барањето за пасош се врши лично, а за малолетните деца потребно е присуство на двајцата родители односно старателот (старателството се докажува со соодветен оригинален документ – судско решение за старателство и копија од истиот). Доколку едниот родител не е присутен при поднесувањето на барањето за пасош потребна е негова, во оригинал, писмена согласност дадена во форма на полномошно односно изјава, која е заверена на нотар, суд или во дипломатско – конзуларното претставништво на Република Македонија. При поднесувањето на барањето за пасош за малолетно лице задолжително се презентира оригинален македонски извод од матичната книга на родените и копија од истиот.

За хендикепирани лица барањето го поднесува законски определениот старател (старателството се докажува со оригинален документ и копија од истиот), а се поднесува и оргинална болничка документација за доказ на болеста или степенот на хендикеп, како и копија од истата.

За барањата за предвремена замена на пасош со поминат рок на важност, на пасош чиј рок на важност се уште не е поминат или оштетен пасош, при поднесувањето на барањето задолжително се презентира пасошот и копија од истиот.

Сите документи кои се поднесуваат при аплицирањето за пасош, задолжително треба да бидат на македонски јазик. Доколку се поднесува странски документ истиот задолжително треба да биде преведен на македонски јазик, со заверен превод.

При поднесувањето на барањето се плаќа или се доставува доказ за платена конзуларна такса согласно Законот за административни такси. Информација за висината на конзуларната такса може да се добие во надлежното дипломатско – конзуларно претставништво на Република Македонија.

При поднесувањето на барањето за пасош, државјаните на Република Македонија задолжително пополнуваат и пријава за престој во странство подолго од три месеци.

При врачувањето на пасошите државјаните на Република Македонија задолжително треба да презентираат оригинален валиден документ за идентификација (валиден македонски или странски документ со фотографија и податоци за лицето кое поднесува барање за пасош).

Доколку е извршена замена на пасош со поминат рок на важност, на пасош чиј рок на важност се уште не е поминат или оштетен пасош, при врачување на новиот пасош, задолжително се поднесува и стариот пасош заради негово поништување.

Информација за поднесување на барања за пасоши и нивно издавање може да се добие и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија на телефон: +389 2 3133 062, мобилен телефон: +389 75 350 938 или на е-маил адреса: mobilnistanici@mfa.gov.mk

Министерството за надворешни работи напоменува дека во зависност од интересот на македонските државјани во странство за добивање на пасоши преку дипломатско – конзуларните претставништва на Република Македонија, во текот на годината можно е во случај на потреба (доколку има доволен број на барања за пасоши) да бидат опфатени и други градови во рамките на утврдените термини, кои исто така, доколку има потреба можат евентуално да претрпат и соодветни измени, за што граѓаните на Република Македонија ќе бидат благовремено информирани.

Извор:http://mfa.gov.mk

Партнери на Правдико