Како се грижат за бегалците во камповите во Македонија и во Грција? | Правдико

Правдико

   

Како се грижат за бегалците во камповите во Македонија и во Грција?

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Омбудсман институциите на Република Грција и на Република Македонија, на 17 ноември спроведоа заедничка посета на привремените бегалски кампови кои се наоѓаат во близина на границата меѓу двете соседни земји, и тоа кампот сместен во Идомени во Република Грција и кампот Винојуг во Република Македонија, информираат од канцеларијата на Народниот правобранител.

DSC_0476

Заедничката посета имаше за цел утврдување на фактичката сосотојба на условите за престој на бегалците и мигрантите и заштитата на нивните основни права, велат од таму.

„Кампот сместен во Идомени е воден без државна координација или придонес, во него има седишта на голем број хуманитарни организации, а вклучени се и волонтери кои работат на понуда на храна, други стоки и услуги. Тука се присутни претставници на УНХЦР, ИОМ и неколку невладини организации како што се „Лекари без граници“, Црвениот крст, „Сега“, „Праксис“,„Спасете ги децата“, грчкиот Совет за бегалци, грчкиот спасувачки тим.

Кампот „ Винојуг“ работи под управата на Центарот за управување со кризи, во кој се врши официјална регистрација за влез на беглаците во Република Македонија. Во него има претставници на полицијата, Министерството за труд и социјална политика, кои соработуваат со УНХЦР и со Црвениот крст“, велат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Во камповите, на бегалците веднаш им се пружа неопходната помош, тие не се задржуваат подолго време, и покрај тоа што кампот во Идомени, има капацитет за прифат на 1.700 лица, а во два наврати тука биле примени повеќе од 10.000 лица на ден.

„Исто така, многу е позитивно тоа што постои соработка помеѓу невладините организации од двете земји, кои им го олеснуваат претстојот на бегалците и им ја нудат потребната помош.

Сепак, омбудсман институциите сметаат дека движењето на бегалците низ Европа, без оглед на постоењето на Шенген зоната, или постоењето на националните граници, не треба да претставува проблем за движење на бегалците.

Омбудсман институциите сметаат дека во секој случај, државите треба да ја осигураат безбедноста на лицата и нивните основни права за пристап до азил, привременото засолниште, храна и вода, облека, медицински третман, информации за правата и процедурите, заштита на ранливите групи, како семејства, бремени жени, деца и малолетни лица без придружба, жртви на трговија, малтретирање или тортура, стари лица, лица со хендикеп и сл“, информираат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Од таму сметаат дека посебно внимание треба да се посвети на заштитата на бегалците од лица кои се занимаваат со недозволена трговија со стоки и трговци со луѓе, како и од појава на економска експлоатација. Делегациите ги предводеа замениците на народниот правобранител на Република Македонија, Васка Бајрамовска Мустафа и Славчо Тимов и замениците на омбудсманот на Република Грција, Василис Каридис, Џорџ Мошос, како и претставници на невладини организации и на УНХЦР.

Фото: Плус инфо

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико