Како се извршуваат одлуките од Европскиот суд за човекови права
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Извршувањето на одлуките на Судот се обезбедува со исплата на досудените средства на жалителите како правична отштета и усвојување и преземање на поединечни и општи мерки, заради отстранување на повредата и последиците кои настанале од истата, како и на причините што довеле до поднесување на жалби пред Судот и соодветно спречување исти или слични повреди.Извршувањето на одлуките на Судот, согласно со Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи е задолжително за Република Македонија.
Постапка по прием на одлуката на Судот
Во рок од еден месец од денот на објавата на одлуката на Судот, Бирото изготвува официјален превод на истата на македонски јазик и неговото кирилско писмо. Изворникот на одлуката на Судот и официјалниот превод на македонски јазик се објавуваат на веб страницата на Министерството за правда.
Најдоцна во рок од 15 дена по изготвувањето на преводот на одлуката на Судот, Бирото ја информира Владата за содржината на одлуката и обврските на Република Македонија утврдени во неа. Владата врз основа на Информацијата од ставот одлучува за потребата од поднесување на барање за разгледување на предметот пред Големиот судски совет во случај кога Судот одлучил со пресуда.
Бирото најдоцна во рок од три месеца од денот на објавувањето на пресудата на Судот, врз основа на заклучок на Владата, го доставува барањето за разгледување на предметот до Големиот судски совет.
,,Голем судски совет“ е совет на Судот составен од седумнаесет судии кој ги вклучува претседателот на Судот, потпретседателите, претседателите на судските совети и други судии избрани согласно со Деловникот на Судот;
Во рок од 15 дена по приемот на известието од Судот за конечност на одлуката, Бирото ќе побара од жалителот или неговиот полномошник да достави податоци за банкарската сметка за исплата на средствата досудени од Судот.
„Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права“ е орган на државната управа во состав на Министерството за правда кој ги врши работите што се однесуваат на застапувањето и постапувањето на Република Македонија пред Судот и врши други стручни работи од надлежност на Министерството;
Податоците жалителот е должен да ги достави во рок од пет дена од денот на приемот на барањето. По приемот на податоците или по истекот на рокот , Бирото подготвува Информација за конечноста на одлуката која ја доставува до Министерството за финансии со што Министерството за финансии во рок од пет дена по приемот на Информацијата ќе достави до Бирото предлог на одлука за исплата на досудените средства.
–ПРАВДИКО–