Како се носат законите по итна постапка, а како во скратена постапка? | Правдико

Правдико

   

Како се носат законите по итна постапка, а како во скратена постапка?

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sooooПо итна постапка може да се донесе закон кога тоа е неопходно заради спречување или отстранување поголеми нарушувања во стопанството или кога тоа го бараат интересите на безбедноста и на одбраната на Републиката или во случаи на поголеми природни непогоди, епидемии или други вондредни и неодложни потреби.

За предлог-законот да може да се донесе по итна постапка, предлагачот е должен да ги образложи причините. 

Итна постапка

1. Кај итната постапка, претседателот на Собранието го става предлог-законот на дневен ред и пратениците прво одлучуваат дали е оправдано да се донесе предлог-законот по итна постапка без претрес.

2. Доколку Собаранието одлучи предлог-законот да се донесе по итна постапка, матичното работно тело и ЗПК ќе се задолжат да расправаат по предлог-законот.

3. Работните тела можат да го разгледуваат предлог-законот и веднаш да почнат со второ читање, со претрес на секоја одредба и на секој поднесен амандман.

4. Во итната постапка амандамните можат да се поднесуваат до завршување на претресот – тоа значи до крајот на седницата.

5. Откако работните тела ќе завршат со седниците, предлог-законот продолжува да се разгледува на седница на Собрание.

6. Во итната постапка нема општ претрес. На седница на Собранието, второто и третото читање се спроведуваат на иста седница.

7. Амандмани се поднесуваат до завршување на претресот.

Скратена постапка

Предлагачот на законот може да му предложи на Собранието да расправа по скратена постапка во случај кога:

– не е во прашање сложен и обемен закон (на пример, кога со предлог-законот се врши менување на три члена од Законот за високото образование);

– престанок на важност на некој закон или одделни одредби од некој закон (на пример, со предлог-законот се предлага престанок на закон донесен уште од СФРЈ);

– кога не се во прашање сложени и обемени усогласувања на законот со правото на ЕУ.

Постапката е многу слична со итната постапка, а разликата е само во поднесувањето на амандманите. На работни тела може да се поднесуваат до почетокот на второто читање, додека, пак, на седница на Собрание до почетокот на третото читање.

Извор: Учиме право – клиничка програма
Младински образовен форум

Препорачуваме

Партнери на Правдико