Како се одвива постапката на испитување на обвинет | Правдико

Правдико

   

Како се одвива постапката на испитување на обвинет

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

interrogatorВо нашата казнена постапка распитот на обвинетиот не спаѓа во доказните средства од причина што обвинетиот е процесна странка која ја фрши функцијата на одбрана, како ена од основните функции во казнената постапка, При вршење на распитот за да се обезбеди заштита од од злоупотреба на распитот и изнудување на признание предвидени се одредени аранции. Една од гаранциите е правото на обвинетиот да молчи. Правото на молчење се однесува на тоа дека обвинетиот не е должен да ја изнесе својата одбрана ниту да одговара на поставените прашања, кога обвинетиот за првпат се испитува во предходната постапка.

Друга е гаранција е во начинот на испитување кој мора да се врши така што во полна мера ќе се почитува личноста на обвинетиот, при што е забрането употребување на секаков вид на сила, закана и слични средства за да се дојде до негова изјава или признание. Исто така не е дозволено кон обвинетиот да се применуваат медицински интервенции или да му се даваат такви средства со кои ќе се влијае врз неговата волја при давањето исказ.

Постапка на испитување на обвинениот

Кога се испитува обвинетиот прв пат ќе се праша за име и презиме, за прекарот ако го има, за името и презимето на родителите, за моминското семејно име на мајката, каде е роден, каде живее, ден, месец и година на раѓањето, од која националност е, и чиј државјанин е, со што се занимава, какви му се семејните прилики, вид на образование, дали служел војска, кога и каде, дали се води во воена евиденција, дали е одликуван, каква му е имотната состојба, дали, и кога ја издржал изречената казна, дали против него се води постапка за некое друго кривично дело, а ако е малолетен кој му е законски застапник. Обвинетиот ќе се поучи дека е должен да се јави на поканата и веднаш да ја соопшти секоја промена на адресата или намерата да го промени престојувалиштето, а ќе се предупреди и за последиците ако не постапи по тоа.

Ако обвинетиот нема постојано живеалиште или престојувалиште во Република Македонија или се работи за странец, ќе се поучи дека е должен во рок од осум дена да определи адреса или лице во Република Македонија за доставување на писмена и одлуки, а ќе се предупреди дека доколку обвинетиот не определи адреса или лице за примање на писмената, судот ќе го истакне писменото на огласната табла во судот и со истекот на осум дена од денот на истакнувањето, се смета дека е извршено доставувањето.

Потоа на обвинетиот ќе му се соопшти зошто се обвинува и ќе му се соопштат основите на сомневањето што стојат против него, па ќе се праша што има да наведе во својата одбрана, а ќе му се соопшти дека не е должен да ја изнесе својата одбрана ниту да одговара на поставените прашања.

Обвинетиот се испитува усно. При испитувањето на обвинетиот може да му се дозволи да ги користи своите забелешки. Меѓутоа, одговорите што обвинетиот ги дава секогаш се усни и тој нема право нив претходно написмено да ги формулира и да ги чита.

При испитувањето треба на обвинетиот да му се овозможи во непречено излагање да се изјасни за сите околности што го товарат и да ги изнесе сите факти што му служат за одбрана. Кога обвинетиот ќе го заврши својот исказ, ќе му се постават прашања доколку е потребно да се пополнат празнините и да се отстранат противречностите или нејаснотиите во неговото излагање. Обвинетиот може да биде испитан во отсуство на бранител само ако изрично се одрекол од тоа право, а одбраната не е задолжителна или ако во рок од 24 часа од моментот кога е поучен за ова право самиот не обезбеди бранител, освен во случај на задолжителна одбрана.

На обвинетиот треба да му се поставуваат прашања јасно, разбирливо и прецизно, така што да може наполно да ги разбере. Во испитувањето не смее да се поаѓа од претпоставка дека обвинетиот признал нешто што не признал ниту смеат да се поставуваат прашања во кои е веќе содржано како треба на нив да се одговори. Спрема обвинетиот не смее да се употреби измама за да се дојде до негова изјава или признание. Посебно се забранети каприциозни прашања при чие формулирање се поаѓа од претпоставка дека обвинетиот признал нешто што не признал.Ваквите прашања служат за наведување на обвинетиот да даде таков одговор со кој би се потврдило постоењето на некој факт кој би бил на негова штета. Покрај каприциозните прашања забранети  се и сугестивните прашања во кои е веќе содржао како треба да се одговори, прашањето кое сугерира определен одговор.

Ако подоцнежните искази на обвинетиот се разликуваат од поранешните, а особено ако обвинетиот го отповика своето признание, ќе се повика да ги изнесе причините зошто дал различни искази, односно зошто го отповикувал признанието.

Исказот на обвинетиот се внесува во записникот во форма на раскажување а поставените прашања и одговорите на нив ќе се внесат во записник само кога тоа е потребно. На обвинетиот може да му се дозволи да го кажува сам својот исказ во записник.

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

Вашите права при сослушување додека сте лишен од слобода

Испитување на осомничениот/обвинетиот според новиот ЗКП

– Право на надоместок на штета поради неоснована осуда или лишување од слобода

– Надомест на нематеријална штета

Партнери на Правдико