Како се пресметува износот на придонесите во пензискиот систем | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Како се пресметува износот на придонесите во пензискиот систем

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

fix-pension-fundВо задолжителниот пензиски систем, придонесите ги покриваат само вработените. Обврзани лица за пресметка и плаќање на придонесите се:

1. Работодавачите – за нивните вработени и

2. Самовработените лица – за себе и

3. ФПИОМ, Фондот за здравствено осигурување и Бирото за вработување – за другите видови осигуреници.

Висината на придонесите се одредува со Законот за придонеси за задолжителното социјално осигурување. Тековната стапка на придонесите за пензиско осигурување изнесува 18%, и ќе остане иста во 2012 и 2013 година, а од 2014 ќе биде намалена на 17,6%.

Работодавачот плаќа во име на вработените 18% од нивната месечна брутоплата во ФПИОМ. За осигурениците што се членови само на првиот столб, вкупниот износ останува во ФПИОМ. За осигурениците што се членови во вториот столб, 65% од платените придонеси или 11,7% остануваат во ФПИОМ, додека 35% или 6,3% се пренесуваат на посебната сметка на секој член во приватниот пензиски фонд. ФПИОМ го префрла утврдениот износ веднаш или најдоцна во рок од 5 работни дена по приемот на придонесите.

screenshot_5

Плаќањето на придонесите за доброволното осигурување го врши членот на доброволниот пензиски фонд, трето лице или спонзор за учесниците во професио-налната пензиска шема (работодавач или здружение). Овие лица може по сопствен избор да одлучат за времето и висината на придонесите што ќе ги уплатат во третиот столб.

Извор: Водич за вашето право на пензија / Меѓународна организација на трудот

– Водич за вашите права на пензија 

– Кој има право на инвалидска пензија?

– Кога може да се добие старосна пензија?

– Кои се условите за стекнување семејна пензија?

Препорачуваме

Партнери на Правдико