Правдико

   

Како се пресметува минималната плата

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Според Законот за минимална плата во Р. Македонија се определува минималецот кој треба да го добие работникот за остварена работа во тековниот месец со полно работно време или сразмерно за оние со скратено работно време, како и за нормиран учинок.

-Upload--Vesti-Makedonski_denar_2013102913473Според чл. 2 од Законот за минимална плата се утврдува дека истата е основна плата на работникот и истиот гласи:

’’Минимална плата е најнискиот месечен износ на основна плата која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време и исполнет нормиран учинок.’’

Право на минимална плата имаат сите работници, а оние работници кои работат со скратено работно време за времето поминато на работа, има право на сразмерен дел од минималната плата.

Спред погоре наведеното се гледа дека работникот треба да прима основна плата утврдена со Закон во висина од 10.080,00 денари.  Според Законот за работни односи платата е составена од основна плата, работна успешност и додатоци.

Работодавецот врз основа на истото треба да исплати плата така што на листата за плати која ја подготвува за секој работник ќе вкалкулира:

Пример за месец Јануари 2016 г. :

-ефективна работа _________________160 час. ________________10.080,00ден

-рабона успешност__________________5% ________________ 504,00 ден

-минат труд ___0.5% на година пр. 10 год раб. Стаж(5%)_______ 504,00 ден

-прекувремена работа_______________пр. 20 час._________________ 1.701,00ден

-работа во празник (доколку има работено)___пр. 8 час.___________ 756,00ден

 ___________________________________________________________________
Вкупно нето за исплата 13.545,00 ден

Но никако на следниот начин 

– ефективна работа _________________160 час. ________________6.615,00ден

– рабона успешност -__________________5% ________________ 504,00ден

– минат труд ___0.5% на година пр. 10 год раб. Стаж(5%)_______ 504,00ден

прекувремена работа_______________пр. 20 час._________________ 1.701,00ден

работа во празник (доколку има работено)___пр. 8 час.___________ 756,00ден

  _________________________________________________________________
Вкупно нето за исплата 10.080,00 ден        

Според тоа основната плата на секој работник се остварените часови на ефективна работа и таа не смее да биде помала од утврдениот минималец, а не вкупниот збир на сите наведени ставки во листата.

Манипулацијата која ја врши работодавецот со исплата на минимална плата со збир на сите ставки е против законита и подлежи на тужбено барање од страна на работникот кон работодавецот.

Глоба во износ од 6000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на работодавач, ако на работникот не му исплати минимална плата во висина утврдена според одредбите на Законот за минимална плата.

Ако инспекторот на труд при инспекциски надзор утврди дека работодавачот на работникот не му исплатил минимална плата согласно овој закон, со решение ќе му нареди на работодавачот во рок од осум дена од денот на приемот на решението на вработените да им исплати минимална плата и придонеси од плата согласно закон му дава предлог за порамнување со издавање на прекршочен платен налог на одговорното лице кај работодавачот согласно Законот за прекршоците. Ако работодавачот не го прифати прекршочниот платен налог, надлежниот инспектор ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка.

Ако работодавачот го повтори прекршокот од ставот 1 од овој член, во рок од една година од денот на сторувањето на прекршокот, инспекторот на труд со решение ќе ја забрани работата на работодавачот во работните простории, работниот простор или на друг соодветен начин во траење од 15 дена, ќе нареди на работодавачот на вработените да им исплати минимална плата и придонеси од плата согласно закон и ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка. За време на забраната за работа, работодавачот е должен на работниците да им исплати минимална плата и придонеси од минимална плата согласно закон. По истекот на забраната за работа, работодавачот не смее да го намали бројот на вработените во наредните три месеци.

 Автор: Б.Г

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико