Како се спроведува новата постапка за ослободување од ДДВ на промет на добра, услуги и увоз?
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност (Сл. Весник на РМ бр. 12/14) се пропишува нова постапка за ослободување од ДДВ на промет на добра, услуги и увоз за проекти финансирани од странски донатори и проекти финансирани од ИПА. Постапката започнува да се применува од 01 јули 2014 година.
Имено, со новите измени на Законот е предвидено даночно ослободување од ДДВ при набавка на стоки, услуги или добра со парични средства на проект, односно договор за донација склучен помеѓу Република Македонија и странски донатор доколку во самиот договор е предвидено дека со предвидените парични средства нема да се плаќаат даноци. Исто така, за проектите финансирани од ИПА ваквото даночно ослободување се однесува и на делот на средствата од националното кофинансирање обезбедено од Буџетот на РМ или пак од сопствени средства на организацијата или други извори.
Постапката за остварување на даночното ослободување кај проект финансиран од странски донатор, согласно Правилникот за даночно ослободување од ДДВ на проекти финасирани од странски донатор се спроведува на следниов начин:
1. Проект – имплементаторот на проектот – за да може да го оствари даночното ослободување до вршителот на промет доставува копија од регистрацијата на проектот во рамките на Секретаријатот за европски прашања со следниве податоци:
– назив на проектот на македонски и англиски јазик;
– вредноста на донацијата за соодветниот проект;
– датум на започнување и завршување на проектот;
– името на имплементаторот на проектот кој е задолжен за реализација на проектот;
– името на лицето кое е определено за како одговорно лице за проектот;
– краен корисник на проектот и
– дата на договорот склучен помеѓу Владата на РМ и странскиот донатор во кој има клаузула дека донираните средства не можат да се користат за плаќање на јавни давачки во Република Македонија
2. Вршителот на промет – До УЈП по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk, го пријавува прометот на добра и услуги на новиот Образец ДДВ-ПЕФ-ДО (http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/154)
– Пријава за промет на добра и услуги ослободени од данок на додадена вредност согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност
3. УЈП (надлежниот даночен орган):
– Врз основа на податоците од Пријавата (Образец ДДВ-ПЕФ-ДО) доставена од вршителот на прометот генерира фактура со сериски број, односно новиот Образец ДДВ-ФП-ДО
– Фактура за прометот ослободен од данок на додадена вредност согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност
Напомена: УЈП има обврска да води евиденција за издадените фактури со сериски број во електронска форма. Евиденцијата треба да ги содржи следниве податоци:
– единствен даночен број на вршителот на прометот;
– назив на вршителот на прометот;
– сериски број на фактурата која ја доделил даночниот орган;
– сериски број на сторнираните фактури и
– износ на надоместокот (без данок на додадена вредност).
4. Вршителот на прометот:
– Ја печати фактурата во два примерока, ги заверува со печат и потпис од овластеното лице и едниот примерок го доставува до субјектот задолжен за спроведување на проектот – имплементатор на проектот најдоцна во рок од 5 работни дена од денот кога бил извршен прометот
5. Примателот на прометот – имплементаторот:
– Има обврска да води евиденција за примените фактури по даночен обврзник на новиот Образец ДДВ-ЕПФ – Евиденција на примени фактури која ја води примателот на прометот. Во евиденцијата се внесуваат и примените факту ри од даночен обврзник кој нема ниту седиште, ниту подружница во Република Македонија, за промети за кои е користено даночно ослободување за проекти финасирани од странски донатори (член 32, точка 4 од Законот за ДДВ).
Постапка при даночни и други ослободувања при увоз на добра наменети за реализација на проекти финансирани од странски донатори
Начинот на спроведување на ослободување од плаќање на увозни давачки, данок на додадена вредност и акцизи при увоз на добра – стоки наменети за реализација на проект кој се финансира со парични средства добиени врз основа на договор за донација, склучен меѓу Републи ка Македонија и странски донатори, во кој договор е предвидено дека со дoбиените парични средства нема да се плаќаат увозни давачки, даноци и акцизи како и формата и содржината на барањето за остварување на ослободувањето како и потребната документација е пропишана со Правилникот за ослободување од увозни давачки, ДДВ и акцизи за стоки наменети за реализација на проекти финансирани од странски донатори.
Согласно член 2 од Правилникот:
1. Имплементаторот на проектот – субјектот задолжен за спроведување на проектот:
– До Министерството за финансии во А-4 формат со бела боја во два примерока го поднесува новиот Образец А1-П/СД – Барање за ослободување при увоз на стока-добра наменети за реализација на проект од плаќање на увозни давачки, данок на додадена вредност, како и акцизи но ослободување на минерални масла и на патнички автомобили (http://www.finance.gov.mk/files/u8/Obrazec_a1-P_SD.pdf) .
Кон барањето ги приложува следниве документи:
– Копија од потврдата од Владата на Република Македонија – Секретаријат за европски прашања за регистрација на проектот кој се финансира со парични средства на странски донатор врз основа на договор на Република Македонија и странски донатор во кој е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат увозни давачки и даноци која содржи:
– назив на проектот на македонски и англиски јазик;
– датум на започнување и датум на завршување на проектот;
– вредност на донацијата за соодветниот проект вклучувајќи го и износот на националното кофинансирање во рамките на инструментот за претпристапна помош (ИПА) кој се спроведува во услови на децентрализирано управување;
– назив на имплементаторот – субјект задолжен за спроведување на проектот;
– корисник на проектот и
– дата на договорот кој е склучен помеѓу Владата на Република Македонија и странскиот донатор (со наведување на неговото име), во кој има клаузула дека донираните средства не можат да се користат за плаќање на јавни давачки во Република Македонија и
– Фактура, про-фактура или договор за купопродажба, издадени од странски испорачател, а во кои како примател е наведен називот на проектот и имплементаторот на проектот кои се назначени на потврдата за регистрација на проектот во Владата на Република Македонија – Секретаријат за европски прашања и во која како даночен број е наведен единствениот даночен број на проек тот под кој истиот е регистриран кај надлежниот даночен орган.
2. Министерството за финансии:
Врз основа на поднесеното барање, издава потврда дека при увозот на стока-добра наменети за реализација на проект има право на ослободување од плаќање на увозни давачки, данок на додадена вредност, како и акцизно ослободување на минерални масла и на патнички автомобили.
Доколку на подносителот на барањето му е издадена потврда, при што увозот на стока – добра за кои истата се однесувала не е извршен, а има промени во фактичката состојба која претходно била утврдена врз основа на документацијата која била доставена за цели на издавање на потврдата, при поднесување на ново барање за издавање потврда, имплемен та торот на проектот треба да ја достави и претходно добиената потврда во оригинал, со соодветно писмено образложение.
3. Имплементаторот на проектот – субјектот задолжен за спроведување на проектот:
На царинскиот орган му доставува примерок од потврдата во оригинал издадена од Министерството за финансии, за да го оствари ослободувањето при увоз на стока-добра наменети за реализација на проект од плаќање на увозни давачки, данок на додадена вредност, како и акцизно ослободување на минерални масла и на патнички автомобили.
Aвтор: М-р Лилјана Јоноски
–ПРАВДИКО–