Како се трошат парите од буџетот во 2015 година: Повеќе за плати, пензии и за стоки и услуги | Правдико

Правдико

   

Како се трошат парите од буџетот во 2015 година: Повеќе за плати, пензии и за стоки и услуги

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вкупните расходи на Буџетот во периодот јануари – јуни 2015 година изнесуваа 87.652 милиона денари, односно 15,9% од БДП, што е за 5,2% повеќе во однос на 2014 година, покажуваат најновите податоци на Министерството за финансии. Tековните расходи во износ од 80.042 милиона денари се зголемени за 6,9% во однос на истиот период од 2014 година. Доминантно учество во тековните расходни ставки имаа трансферите кои изнесуваа 56.721 милион денари и учествуваа со 64,7% во вкупните расходи.

3e941c74-eeba-4d09-9057-c3a639b8fbe0-737608-lazy-bloke

Платите и надоместоците беа реализирани во износ од 12.124 милиони денари, така што нивното структурно учество во вкупните расходи на Буџетот изнесува 13,8%, и во однос на 2014 година тие се зголемени за 5,7%. Расходите за стоки и услуги изнесуваа 8.670 милиони денари, со учество од 9,9% во вкупните расходи и споредено со истиот период од 2014 година се реализирани за 11,4% повеќе.

Социјалните трансфери изнесуваа 40.668 милиони денари и забележаа раст од 5,5% споредено со истиот период од 2014 година и учествуваа со 46,4% во вкупните расходи. Трансферите кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување зафаќаат најголем дел од социјалните трансфери, со износ од 24.713 милиони денари, со реализација која е зголемена за 4,0% споредено со истиoт период од 2014 година и учество од 28,2% во вкупните расходи. Учеството на категоријата други трансфери, кои ги вклучуваат трансферите кон единиците на локалната самоуправа, во вкупните расходи изнесува 17,5%, односно забележаа зголемување од 7,5% споредено со истиот период од 2014 година.

Блок дотациите кон единиците за локална самоуправа во износ од 7.343 милиони денари беа реализирани за 2,4% повеќе во однос на истиот период претходната година. Субвенциите кои се реализирани во износ од 7.141 милион денари учествуваат со 8,1% во вкупните расходи.

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико