Како се врши оспорување на татковство и мајчинство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Брачниот другар може да оспорува татковство на дете кое го родила неговата брачна другарка за време на траењето на бракот или пред истекот на 300 дена од престанокот на бракот, ако смета дека не му е татко на детето е условот кој го поставува Законот за семејство со што отвора простор за соборување на законската претпоставка за татковството, односно оспорување на татковството заосновано врз изјава. Тужбата за оспорување на татковство се поднесува во рок од три месеци од денот на дознавањето за раѓањето.
Доколку брачниот другар на мајката е лишен од деловна способност или ако ја изгубил деловната способност пред истекот на рокот за оспорување на татковство, татковството може да го оспорува неговиот старател со одобрение на Центарот за социјална работа и тоа во рок од три месеци од кога дознал за раѓањето на детето. Ако се случи ситуација каде се откријат факти односно докази кои укажуваат на фактот дека брачниот другар на мајката не е татко на детето откако измине законскиот рок од три месеци, тогаш Врховниот суд на Република Македонија со решение може да определи нов рок за поднесување тужба за оспорување на татковство при што на Врховниот суд ќе му се достават сите веродостојни докази дека новите факти и докази не му биле познати за време на законскиот рок за поднесување тужба за оспорување на татковството.
Исто така и мајката може да оспорува татковство на лице кое според овој закон се смета за татко на нејзиното дете во рок од три месеци од раѓањето на детето, поднесувајќи тужба за оспорување на татковствоо на тоа лице.
Покрај мајката и таткото Законот му дава право и на детето да учествува како субјект во оваа постапка и да има право да поднесе тужба за оспорување на татковство. Детето може да оспорува дека му е татко лицето кое според овој закон се смета за негов татко.Тужбата за оспорување на татковство детето може да ја поднесе најдоцна до навршување на 21 година од животот. Исто така детето може да го оспорува мајчинството на жената која во матичната книга на родените е запишана како негова мајка.Тужбата заради оспорување на мајчинство детето може да ја поднесе до навршување на 21 година од животот.
До полнолетството на детето, како и во случаите кога детето е лишено од деловна способност, тужба за оспорување на татковство и мајчинство, во негово име, може да поднесе старателот, со одобрение на Центарот за социјална работа.
– Оспорување на татковство не е дозволено кога мајката, со писмена согласност на нејзиниот брачен другар, е оплодена со вештачка инсеменација.
– Не е дозволено утврдување или оспорување на мајчинство и татковство во случај кога родителскиот однос настанал со посвојување
–ПРАВДИКО–
Поврзани статии: