Како се врши распределбата на затворениците во затворите низ РМ | Правдико

Правдико

   

Како се врши распределбата на затворениците во затворите низ РМ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

zatvorВо казнено-поправен дом Идризово со Отворено одделение во Велес се упатуваат:

Казнено-поправен дом Идризово

а) машки лица – повторници, осудени со правосилна пресуда на казна затвор над 6 месеци, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува над 6 месеци од подрачјето на основните судови: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Кавадарци, Кичево, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Крушево, Неготино, Охрид, Прилеп, Ресен, Скопје, Струга и Тетово.

б) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда на казна затвор над 3 години, одвоено кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува над 3 години од подрачјето на основните судови: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Кавадарци, Кичево, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Крушево, Неготино, Охрид, Прилеп, Ресен Скопје I, Струга и Тетово.

в) женски лица осудени со правосилна пресуда на казна затвор или малолетнички затвор независно од висината на казната. Овие осудени лица казната ја издржуваат во одделението за женски лица;

г) машки и женски лица осудени на казна доживотен затвор; и

д) машки и женски лица: странски државјани и лица без државјанство.

Отворено одделение во Велес

а) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 3 години од подрачјето на Основниот суд Велес.

Во казнено-поправниот дом Штип се упатуваат:

а) машки лица – повторници, осудени со правосилна пресуда на казна затвор над 6 месеци, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува над 6 месеци од подрачјето на основните судови: Берово, Виница, Делчево, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Струмица и Штип;

б) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда на казна затвор над 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува над 3 години од подрачјето на основните судови: Берово, Виница, Делчево, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Струмица и Штип.

Во казнено-поправен дом од отворен вид Струга се упатуваат:

а) машки лица осудени за кривични дела од небрежност, ако се осудени со правосилна пресуда на казна затвор од 3 до 5 години или како по пресметаниот притвор им преостанува од 3 до 5 години од изречената казна;

б) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 3 години, за подрачјето на основните судови Дебар, Охрид и Струга и

в) машки лица – повторници, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 6 месеци, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 6 месеци, од подрачјето на основните судови Дебар, Охрид и Струга.

Во затвор Битола се упатуваат.

а) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 3 години, за подрачјето на основните судови Битола, Кичево и Ресен;

б) машки лица – повторници, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 6 месеци, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 6 месеци, од подрачјето на Основните судови Битола, Кичево, Ресен; и

в) машки и женски лица спрема кои е определен притвор од подрачјето на основните судови Битола, Кичево и Ресен освен притворот определен за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Во затвор Прилеп се упатуваат:

а) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 3 години, од подрачјето на основните судови Крушево и Прилеп;

б) машки лица – повратници, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 6 месеци, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 6 месеци, од подрачјето на основните судови Крушево и Прилеп; и

в) машки и женски лица спрема кои е определен притвор од подрачјето на основните судови Крушево и Прилеп освен притворот определен за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Во затвор Гевгелија се упатуваат:

а) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 3 години, од подрачјето на основните судови Гевгелија, Кавадарци и Неготино;

б) машки лица – повторници, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 6 месеци, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 6 месеци, од подрачјето на основните судови Гевгелија, Кавадарци и Неготино; и

в) машки и женски лица спрема кои е определен притвор од подрачјето на основните судови Гевгелија, Кавадарци и Неготино освен притворот определен за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Во затвор Охрид се упатуваат:

а) помлади полнолетни и малолетни машки лица осудени со правосилна

пресуда на казна малолетнички затвор:

б) машки и женски лица спрема кои е определен притвор од подрачјето на основните судови Дебар, Охрид и Струга освен притворот определен за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Во затвор Скопје се упатуваат:

а) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 3 години, од подрачјето на Основниот суд Скопје I;

б) машки лица – повратници, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 6 месеци, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 6 месеци, од подрачјето на основните судови: Велес и Скопје I; и

в) машки и женски лица спрема кои е определен притвор од подрачјето на основните судови Велес и Скопје I, како и машки и женски лица спрема кои е определен притвор од подрачјето на сите основни судови во Републиката за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Во затвор Куманово со Отворено одделение во Крива Паланка се упатуваат:

Затвор Куманово

а) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 3 години, од подрачјето на Основниот суд Куманово;

б) машки лица – повторници, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 6 месеци, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 6 месеци, од подрачјето на основните судови: Кратово, Крива Паланка и Куманово: и

в) машки и женски лица спрема кои е определен притвор од подрачјето на основните судови: Кратово, Крива Паланка и Куманово освен притворот определен за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Отворено одделение во Крива Паланка:

а) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува 3 години, од подрачјето на основните судови Кратово и Крива Паланка:

Во затвор Тетово се упатуваат

аМашки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува 3 години, од подрачјето на основните судови Гостивар и Тетово;

б) машки лица – повторници, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 6 месеци, односно кога остатокот од казнат по пресметаниот притвор изнесува до 6 месеци, од подрачјето на основните судови Гостивар и Тетово и

в) машки и женски лица спрема кои е определен притвор од подрачјето на основните судови Гостивар и Тетово освен притворот определен за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Во Затвор Струмица се упатуваат:

а) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува 3 години, од подрачјето на основните судови: Берово, Виница, Делчево, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Струмица и Штип.

б) машки лица – повратници, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 6 месеци, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 6 месеци, од подрачјето на основните судови: Берово, Виница, Делчево, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Струмица и Штип.

в) машки и женски лица спрема кои е определен притвор од подрачјето на основните судови: Берово, Виница, Делчево, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Струмица и Штип освен притворот определен за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Ако просторот за притвор е исполнет или од други оправдани причини, надлежниот суд во согласност со судот и затворот на друго подрачје може да упати притворени лица и во друг затвор заради извршување на мерката притвор.

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Кои погодности може да ги имаат осудените лица

Препорачуваме

Партнери на Правдико