Како треба да изгледа и што се треба да содржи вашата професионална фактура?
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Често се случува да се направи превид и да се занемари изгледот и содржината на една фактура. Фактурата како основен документ во бизнис кореспондецијата ја одредува успешноста на Вашиот бизнис и од неа зависи дали ќе бидете сфатени сериозно и дали вашата фактура ќе биде навреме платена. Во исто време недостаток на клучни елементи кои треба да ги содржи секоја фактура можат да Ви создадат проблеми пред инспекциски служи доколку фактурата не е во согласност со одредени законски сметководствени барања.
За да се добие фактура со професионален изглед мора да бидат вклучени сите подолу наведени елементи.
1.Податоци за испраќач – име на фирма, адреса, даночен број, жиро сметка, банка.
2.Податоци за клиент – име на фирма, адреса, даночен број.
3.Генералии на фактура – број на фактура, датум на издавање, датум на доспевање.
4.Ставки во фактура и износи – производ или услуга, количина, единечна цена, даночна стапка, збирови (основа, ДДВ и вкупно).
5.Даночна табела – основа и данок по даночна стапка.
6.Потписи – потпис на овластени лица за издавање и примање на фактура.
7.Фуснота – правна забелешка поврзана со фактурата.
За појасно да го разберете изгледот и содржината на фактура издадена од успешна и професионална компанија, погледнете пример од фактура подолу.
Ваква фактура со професионален изглед која ги содржи сите потребни елементи, сега можете да изготвите бесплатно за само 30 секунди преку Ониво – најсовремената и наједноставна веб апликација за фактурирање и оперативно работење на Македонскиот пазар.
Регистрирајте се бесплатно веднаш, и креирај ја Вашата прва фактура!