Каква функција синдикатите би требало да имаат? | Правдико

Правдико

   

Каква функција синдикатите би требало да имаат?

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

saaaaaaaaaИскуствата на синдикатите од земјите во транзиција на Средна и Источна Европа, произлегуваат, пред сé, од социјалистичкиот начин на стопанисување, што на синдикатите им ги определи нивните специфични задачи. Во тоа време не беше толку важно синдикатите автономно и независно од партиите или политичките групи да ги застапуваат интересите на работниците со вклучување во играта на судир на интересите. Многу поважно беше синдикатите во рамките на политиката која беше диктирана од горе, особено на ниво на претпријатија, да исполнуваат одредена задача. Организираните работници не требаше своите интереси да ги вклучат во политичката сфера, туку однапред зададените политички интереси да ги преточат во интереси на ниво на претпријатие и со тоа да придонесат за нивно реализирање.

Соодветно на ова, борбата за интересите на гранката со помош на најразлични методи, а особено не за интерес на синдикатите на национално ниво, не беше дел од синдикалниот репертоар. Освен тоа, не постоеја други општествени организации коишто можеа да претставуваат конкуренција за синдикатите на било кое ниво на нивната активност. Членувањето во синдикат беше вообичаено за вработените и, пред сé, имаше каракер на пристап до социјалната сигурност, отколку карактер на пристап до агилна организација на застапување на интересите и која била подготвена да земе активно
учество во натпреварот со различни сили.

Соодветно на овие задачи, структурите на синдикатот и не предвидуваа централно концентрирана силна организација, туку тие беа, што зачудува само на прв поглед, значително посилно децентрализирани, отколку синдикалните структури во западните европски земји. Појдовна точка на синдикалната работа беше синдикатот во претпријатието, во кој, по правило, се пристапуваше со започнувањето со работа во едно претпријатие. До денес, синдикатите во претпријатијата, во најголем број земји на транзиција, се автономни правни лица, кои само врз доброволна основа пристапуваат кон надредената организација, како, на пример, гранската или регионалната. Меѓутоа, тоа не е упатно да се практикува, бидејќи води до голем број структури во едно претпријатие кои ги застапуваат интересите на вработените (доказ е постоењето на повеќе од десет различни синдикални организации во едно претпријатие).

Нови „правила на игра“Врз основа на овие структури, за синдикалните организации во земјите во транзиција е создадена слика како организации кои на средно и повисоко централно ниво едвај да располагаат со доволно средства кои им се потребни за пробив во сé поострите судири на
интереси во овие земји. Се покажа дека бројот на членството или cтепенот на организираност во некои помали области, тешко дека може да биде мерило за тоа дали некој синдикат може, или не, со успех да ги остварува интересите на своето членство.

Гледано процентуално, синдикатите често имаат повеќе членство, во однос на вкупниот број на ниво на сојузи, отколку што е тоа случај со повеќето синдикати од западноевропските земји – ако не се зема предвид посебната ситуација со скандинавските земји. Но, и покрај високиот степен на организираност, или големиот број на членство, тие често остануваат слаби во своето дејствување.Во услови на демократија, која во нивните земји сé повеќе се развива, за разлика од порано синдикатите мораат почесто да преземаат активни синдикални задачи во политичката сфера. Тие повеќе не се извршители, туку често мораат да развиваат сопствени предлози  да презентираат подобри алтернативи отколку што тоа го прават политичките партии или други интересни групи. Ова од нив бара значително поголема креативна компетентност на централно ниво, отколку што тоа порано беше случај.

Или, поинаку формулирано:синдикатите денес во голема мерка претставуваат политички организации, додека порано беа повеќе активни на социјален план. Во секој случај, тоа денес претставува значително потешка задача бидејќи има повеќе политички соиграчи на ова поле. Се формираа  помалку или повеќе силни организации на работодавачите, но, исто  така, се борат и други интересни групи за спроведување на нивните  идеи во заедничката политика.

Така, од синдикатите и нивните лидери, во значително поголема  мера се бара одговорност во врска со нивната работа, отколку што тоа порано беше случај. Порано, често сé се сведуваше на спроведување на политичките заклучоци на ниво на претпријатие и на повисоко ниво од претпријатието. Сега, очекуваната одговорност за сопствената работа има двојно значење: поголем ризик за оние што раководат, но и за оние чии интереси ги застапуваат, но и поголеми  шанси за сите учесници во поактивното креирање на работното опкружување и создавање нови и примамливи работни места, или општо гледано, за подобри работни услови.

Треба да се има предвид дека синдикатите, исто така, и денес сé уште се далеку најголемата политичка интересна организација во земјите во транзиција.Тогаш, како може бројната сила на синдикалното членство да се искористи така што влијанието врз политиката да вети соодветен успех? Со тоа се поставува прашањето на моќта или ефикасната реализација на сопствените интереси во демократската рамнотежа на интересите. Освен моќта да се изборат за своите интереси, мора да постои и доволна креативна компетеност. Бидејќи сега од синдикатите се бара повеќе самоиницијативност и посодржајни активности во политичките дискусии, мора многу повеќе да се зацврстува и вториот потпорен столб – компетентноста на организацијата. Компетентноста и пробивноста, т.е. способноста да се наметне и избори за своите интереси, се двата столба врз кои синдикалното движење успешно ќе се потпира.

Извадок од : Фондација „Фридрих Еберт“, Прирачник за дискусија за синдикатите во земјите во транзиција

Препорачуваме

Партнери на Правдико