Какво долгорочно влијание ќе има кинеско-рускиот договор? | Правдико

Правдико

   

Какво долгорочно влијание ќе има кинеско-рускиот договор?

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Аналитичарите велат дека договорот меѓу Кина и Русија по една деценија преговори оди подалеку од енергетските врски.

899BD55A-4B57-4E8E-91D5-A6D79BFE774A_w640_r1_s

Експанзијата на енергетски врски меѓу Кина и Русија последниве години и потпишувањето на 30-годишен договор за снабдување со природен гас го надминува нафтоводот и помагање на кинеската економија, вели Лин Богијанг, економист за енергетика на Универзитетот Жиамен. Тој вели дека договорот „значително ги зголемува надежите за натамошен развој на сино-руските односи“.

На средбите неделава, лидерите на Кина и Русија потпишаа екстензивен заеднички стратегиски договор што се однесува на повеќе од само нафта и гас. Двете страни се согласија да испитаат можност за  заедничка изградба на  централи во Русија за да и` помогне на Кина да ги задоволи своите енергетси потреби.

Тие се согласија да изградат прекугранични мостови и да ги подобрат трговските врски преку пристаничта и железница. Тие исто така се заложија за поттикнување на соработката во широка лепеза на полиња од нуклеарна енегрија до цивилна авијација и вселенски летови со екипаж.
Сепак, трговските врски меѓу Русија и Кина се мали  споредено со врските на Пекинг со Европа или САД.  Москва се надева да ја развие трговијата на 200 милијарди годишно до 2020, на вкупен обем што е помалку од половина од сегашниот со САД или со Европската унија.

Но поттикнувањето на врските оди подалеку од трговијата, вели професорот по меѓународни односи  на пекиншкиот Тсингхуа Универзитет Жанг Лихуа. Жанг вели дека може да ја употреби руската поддршка во справување со влијанието на Јапонија и САД во регионот и во територијалните  несогласувања во Јужното Кинеско Море.

Жанг вели дека „на Русија од друга страна, и` треба кинеската поддршка по прашањата во врска со Сирија, Украина и други на Блискиот исток“. Таа вели дека двете страни „имаат заеднички интерес во справувањето со регионални несогласувања и за балансирање на влијанието на САД“.

Сепак, релациите меѓу Русија и Кина не биле секогаш лесни.Русија исто така се соочува со заканата на растечки санкции од запад.

Русија не е единствената држава која сака да ја задоволи растечката кинеска потреба за природен гас.

Ерика Донс од Институцијата Брукингс во Вашингтон се фокусира на кинескиот енергетски сектор. Таа вели дека на Кина апсолутно не и` треба нафтоводот да одговори на своите потреби.

„Во светот има многу гас. Има многу проекти за гас кои би можеле да се развијат и мислам дека ставот на Кина е дека има многу држави кои сакаат да не` снабдуваат“.

Покрај извозот на гас што се отвора од САД во 2015-та и Канада која размислува за  слични потези, има нови извори во Бурма и во близина на брегот на Африка, а да не се заборави и фактот дека самата Кина истражува  свои ресурси кои ќе бидат употребливи околу  2020, што може да има влијание на руско-кинескиот договор.

Извор: Глас на Америка

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико