Калифорнија, Оклахома и Небраска ја поддржаа смртната казна | Правдико

Правдико

   

Калифорнија, Оклахома и Небраска ја поддржаа смртната казна

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

смртна казна smrtna kazna kalifornijaИзбирачите во американските сојузни држави Калифорнија, Оклахома и Небраска гласаа за поддршка на смртната казна, пренесе ДПА.

Избирачите во Калифорнија го отфрлија предлогот за укинување на егзекуциите во оваа држава и замена на смртната казна со максимална казна доживотен затвор.

Во Оклахома се гласаше за заострување на законодавството за смртната казна.

Во Небраска, пак, се изгласа враќање на егзекуциите, откако избирачите го повлекоа законот од 2015 година со кој тие беа укинати.

Во САД има над 2.900 лица, кои очекуваат извршување на нивните смртни казни.

Според „Амнести интернешенел“ земјата се наоѓа на петото место во светот според бројот на егзекуции, извршени во 2015 година, а пред неа се само Саудиска Арабија, Пакистан, Иран и Кина.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико