Калифорнија поништува 85.000 судски пресуди за марихуана
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Повеќе од 85.000 пресуди за помали престапи поврзани со употреба на марихуана автоматски ќе бидат избришани од судските записи благодарение на нова компјутерска програма која почна да се користи во Калифорнија, каде продажбата и употребата на марихуана за рекреативни цели е легализирана во 2018 година.
„Оваа мерка ќе донесе олеснување за корисниците кои претрпеа големи неправди од нашите закони во оваа област“, рече Џеки Лејси, јавна обвинителка во округот Лос Анџелес, каде ќе се избришат 66.000 пресуди.
Од 53.000 лица опфатени со мерката во округот Лос Анџелес, 32 проценти се црнци, 45 проценти се „латиноси“, а 20 проценти се белци, соопшти канцеларијата на јавниот правобранител, а пренесува „Индекс.хр“.
Овие пресуди, од кои некои биле изречени уште во 1961 година, честопати се пречки за луѓето да најдат работа или домување.
„Оваа технологија може за неколку секунди да утврди кои случаи се соодветни за примена на мерката и на тој начин да му помогне на персоналот да не мора да го проучува секој запис во архивата“, се пофалија калифорниските служби.
Извор: Макфакс