Калкулатор за пресметка на придонеси за хонорарите од договорите за дело и авторските договори | Правдико

Правдико

   

Калкулатор за пресметка на придонеси за хонорарите од договорите за дело и авторските договори

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ujpОвој калкулатор е помошна алатка за утврдување на основицата за пресметка на придонеси по основ на приходи од договори за дело, авторски договори и други договори со кои е определен надоместок за извршената работа, во случај кога правно лице врши исплата на надоместок по договор на лице кое е во работен однос кај него или кај нему поврзано право лице, при што правното лице – исплатувач е обврзник за пресметка и уплата на придонесите.

Во Калкулаторот за пресметка на придонеси и ПДД од нето надоместокот, со внес на износот на исплатениот надоместок за извршената работа (нето износ) во соодветното поле и во соодветна колона според видот на договорот и според процентот на признати трошоци за авторски договор, калкулаторот ќе ја утврди основицата за пресметка на придонесите по намалување со признати трошоци, која треба да ја внесете во полето 3.14 во клиентскиот софтвер за пресметка на придонесите.

Калкулаторот може да ви послужи за утврдување на основата за пресметка на персоналниот данок на доход и износот на персоналниот данок на доход за сите случаи за кои како правно-лице исплатувач на надоместок по договор сте обврзник за плаќање на ПДД по одбивка, односно и за лицата за кои не сте обврзник за пресметка и за уплата на придонесите.

Напомена: Процентот на признати трошоци за делото е определен во Упатството за начинот на пресметување и плаќање на аконтациите на персоналниот данок на доход по одбивка (кликни тука).

Со Калкулаторот за пресметка на придонеси и ПДД од бруто надоместокот можете да го утврдите износот на обврската за придонеси, обврската за ПДД и нето износот на надоместокот за исплата. Со внес на износот на бруто надоместокот од договорот во соодветното поле и во соодветна колона според видот на договорот и според процентот на признати трошоци за авторски договор, калкулаторот ќе ја утврди основицата за пресметка на придонесите по намалување со признати трошоци, која треба да ја внесете во полето 3.14 во клиентскиот софтвер за пресметка на придонесите.

Screenshot_2

 

Калкулаторот можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико