Калуѓерка помагала на свештеници да силуваат глуви деца | Правдико

Правдико

   

Калуѓерка помагала на свештеници да силуваат глуви деца

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Католичка калуѓерка од Јапонија е уапсена и обвинета поради сомнение дека им помагала на свештеници сексуално да злоупотребуваат малолетници од специјално училиште за деца со оштетен слух во Аргентина. Косака Кумико е обвинета дека помагала во силување на десетина деца, кои се случувале во тоалетите, дворовите, спалните соби и подрумите на училиштето во Лухан, околу 1000 километри од Буенос Ариес.

Случајот е покренат откако поранешен ученик ја обвинил Кумико дека го терала да носи пелени за да се сокрие обилното крвавење по ѕверското силување кое го извршил свештеникот Хорацио Корбачо, пишува „Дејли Мејл“.

Калуѓерката изјавила дека е невина, но, сепак, е притворена додека детективи работат на случајот. Доколку бидат прогласени за виновни, Корбачо и Кумико ќе добијат затворска казна до 50 години.

Извор:Макфакс

Партнери на Правдико