Правдико

   

Камчев тврди дека е жртва на смислен план од Боки 13, Стефанова и Јанева

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Бизнисменот Орце Камчев, на денешното сведочење за случајот „Рекет“, обвини дека бил жртва на конструиран и смислен случај од првообвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, реализиран преку обвинителката Лиле Стефанова, а по наредба на второобвинетата во случајот, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Според Камчев случајот „Империја“, во кој тоа е осомничен, бил покренат со цел од него да се изнудат пари. Тој вели дека Јанева побарала осум милиони евра за да го ослободи или пет милиони евра доколку истрагата за „Империја“ заврши кај друг обвинител поради измените во законот за Основно јавно обвинителство.

Камчев бидејќи, како што рече, немал каде да пријави донел одлука најпрвин да им исплати еден милион евра и сето тоа да го документира.

Откако ги исплатил парите, Камчев имал средба со премиерот Зоран Заев и го информирал за рекетот. Според Камчев, Заев бил запрепастен. Имало и втора средба, на која Камчев му ги презентирал и доказите. После некој ден Заев му рекол случајот да го пријави кај обвинителката Вилма Русковска, сведочеше Камчев.

А во меѓувреме го информирал и директорот на УБК, Горан Николовски, на кого Камчев му верувал. Николовски го посоветувал сите хард дискови, уреди и снимки, со кои го документирал случајот да ги зачува. Тој рекол и дека единствен човек во кој може да има доверба дека ќе го истера овој случај е Русковска.

На денешното рочиште требаше да сведочи и сопруга на Камчев, Ана, но таа не дојде бидејќи била болна.

Во судот од домашен притвор е донесена Јанева, а Боки 13 од КПУ Затвор – Скопје каде што издржува мерка притвор.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милески, призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

Јовановски на почетокот на судењето се пожали на здравствената состојба, по што судијката рече дека ќе го отстрани од судницата ако продолжи да зборува.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Камчев е обвинет за случајот „Империја“, кој го покрена СЈО, а се однесува на перење пари.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико