Камион прегази пешак кај Оровничка плажа, починал на самото место | Правдико

Правдико

   

Камион прегази пешак кај Оровничка плажа, починал на самото место

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Камион прегази 58-годишен пешак синоќа кај Оровничка плажа на регионалниот пат Охрид – Струга.

Според информациите, товарно возило „ман“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(33) од с.Оровник, општина Дебарца, удрило во пешакот Б.С.(58) од Скопје, кој починал на местото на незгодата.

Смрт констатирал од лекар на Итната медицинска помош Охрид. Увид извршиле полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико