Камион удри во пешак на патот Битола – Ресен | Правдико

Правдико

   

Камион удри во пешак на патот Битола – Ресен

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Педесет и едногодишен маж е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Битола – Ресен. Според информациите на МВР, во него удрил камион.

Вчера околу 9:55 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола – Ресен камион „мерцедес“ со охридски регистерски таблички управувано од М.Б.(69) од Охрид удрило во пешакот Б.Т. (51) од село Долно Перово, Ресенско. Тој се здобил со тешки телесни повреди по што му била укажана лекарска помош во Јавната здравствена установа – Ресен. Извршен бил увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико