Кампања на ЕУ: „Правата да се уживаат, обврските да се почитуваат“ | Правдико

Правдико

   

Кампања на ЕУ: „Правата да се уживаат, обврските да се почитуваат“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за внатрешни работи и Европската унија денеска во Скопје ќе ја промовираат кампањата „Правата да се уживаат, обврските да се почитуваат“, што се реализира во рамки на проектот за „Јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица“.

118347

На промоцијата на кампањата, која се реализира во рамки на ИПА програмата на ЕУ, предвидени се обраќања на министерот за внатрешни работи Митко Чавков и на амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

Проектот финансиран од ЕУ се фокусира на две главни компоненти, особено на затворскиот систем и на полициската служба.

Во однос на полициските служби, проектот се фокусира на развој на капацитетите за зајакнување на професионализмот во поглед на гарантирање целосно почитување на основните права на лицата кои се во притвор, преку ефикасна и сигурна регулаторна и оперативна рамка.

Извор: 24Вести

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико